Пред некој ден на гости ми дојдоа сестра ми и зет ми, а јас подготвив обилен ручек за сите убаво да се најадеме. Како предјадење послужив една нова салата, која ја најдов на каналот „Рецепти со Чарлс“ и можам да кажам дека сите бевме воодушевени од вкусот. Салатата излезе толку кремаста, но нема име, па ние домашните си ја завикавме „салата повкусна од руската“.




Сестра ми, која е готвачка, ми рече дека не пробала повкусна од оваа салата и дека се разликува од сите останати. Веднаш ми побара рецепт и ми рече дека ќе ја вметне во менито во ресторанот каде што работи. Толку многу им се допадна на сите, што морав да станам од трпезата и да направам уште една салата.




Салатата може да се послужи ладна од фрижидер или топла, веднаш по подготвување. Мене ми е поубава кога малку ќе се подолади, доволно е да отстои 2 часа во фрижидер, покриена под стреч-фолија. Количините на состојките се наменети за една доза која може да се послужи во длабока чинија, па доколку подготвувате за повеќе луѓе, соодветно зголемете ги количините. Еве што ви е потре




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 6 јајца, 1 перце праз, 6 кисели краставици, 200 г шунка, 200 г гауда кашкавал, 180 г замрзната и сварена пченка, 3 лажици мајонез, 2 лажици павлака или цврст јогурт, 1 лажичка сенф, 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка црн пипер.

ПРВ РЕЦЕПТ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 8 варени јајца, 200 г сирење, 5 лажици мајонез, 4 чешниња лук.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата сварете ги тврдо околу 8-10 минути. Потоа, оставете ги да се оладат, излупете ги и исечкајте ги на половина, па од секоја половина сечете ги на две или три ленти и потоа на ситни коцки. Префрлете ги јајцата во подлабок сад каде што ќе ја послужувате тортата или во пластичен сад каде само ќе ја подготвите.




Отсечете го горниот дел на празот и поделете го надолжно на две ленти, па потоа исечкајте на ситни коцки. Киселите краставички исечете ги на истиот начин, на ленти, па на ситни коцки и додајте ги во садот со јајца, заедно со празот. Шунката исечкајте ја на коцки, а кашкавалот изрендајте го и додајте го во садот.




Пченката сварете ја додека да омекне, па процедете ја и додајте ја во садот. Настрана подгответе го преливот. Измешајте го мајонезот, павлаката, сенфот, солта и црниот пипер. Прелијте го преку салатата и сѐ измешајте додека салатата да стане кремаста. Декорирајте со кругови од варени јајца и неколку листови магдонос.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Сирењето убаво издробете со виљушка. Јајцата  сварете ги тврдо и изрендајте ги и додајте ги во издробеното сирење. Лукчето ситно исечкајте го, изрендајте го или пак, истолчете го, како ви е полесно или како сакате да се чувствува во салатата.

ВТОР РЕЦЕПТ




Сите состојки убаво измешајте ги и соединете ги со мајонез. Вадете топки со лажица и декорирајте со свеж магдонос. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.