Руската салата е кралица на сите слави и празници. Не е важно дали во лето или зима се слави нешто, секогаш е кај нас на трпеза. Ова е еден оригинален рецепт кој се подготвува за кратко време.




Немам што друго повеќе да кажам за оваа салата освен што на сите им е омилена. Многу е вкусна, а јас откога првпат ја пробав, бидејќи како дете не ја сакав, од тогаш постојано ја подготвувам.




Потребни состојки: 150 г грашок, 2 моркови, 1 голем компир или 2 средни, 3 јајца, 200 г шунка, 7-8 кисели краставички, 400 г мајонез, сол и црн пипер.




Постапка: Јас секогаш си купувам мешавина од сечкан морков и грашок и ја варам заедно со компирот, исечкан на ситни коцки. Во водата малку додавам сол и оставам да се вари 15 минути по зовривањето на водата.




Воо меѓувреме ги варам и јајцата, па кога ќе се сварат ги сечкам на коцки. Шунката или некое друго сувомеснато исто така се сечка на коцки.Потоа кога состојките ќе се сварат се процедуваат од водата и се соединуваат.




Се додава мајонезот и убаво се меша помеѓу состојките. На крајот зачинувате со сол и црн пипер по вкус, а може и да ја декорирате салатата по ваш вкус со тенко сечкани моркови, магдонос, маслинки… Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Втор рецепт-Кремаста пилешка салата со кикирики – Многу вкусна салата или оброк со пилешко месо. Рецепт и видео презентација на “Да готвиме лесно” – пилешка салата со кикирики. Доколку не сте ја пробале досега оваа салата, топло ви ја препорачуваме.

Кикириките во овој кремаст сос со пилешко месо – совршено си одговараат! Салатата е заситна, па може да се полужи и како оброк. Убаво изгледа, брзо се прави – совршенство од салата. Пробајте, нема да се покаете. за да ја приготвите оваа салата ќе ви бидат потребни 400 г пилешко бело месо.




Други потребни состојки: 300 г кисела павлака со масленост 20%, 200 г мајонез, црн пипер по вкус, 50 г пропржен сусам, 200 г солено мелено кикирики или пропржено кикирики. Постапка: Најпрво 400 г пилешко месо сварете го вода со малку сол. Потоа исцедете го и оставете го да излади.




Потоа колку што можете поситно исечкајте го. Во подлабок сад ставете 300 г кисела павлака со мм 20% и 200 г мајонез. Зачинете со црн пипер по желба и вкус. Добро промешајте додека да добиете изедначен крем. Сусамот пропржете го сува тава колку да замириса и малку да пожолти.




Оставете да се олади па додадете го мешавината од павлака и мајонез. Кикириките купете ги солени и печени, а доколку се сирови, исто така, испечете ги во рерна и посолете ги. Потоа солемелете ги и додајте го претходната мешавина. Измешајте убаво додека да се изедначат и соединат состојките.




Додајте го месото и повторно промешајте. Вкусете дали е доволно солено и по потреба додадете зачини. Декорирајте по желба. Салатата може да се послужи ладна директно од фрижидер, како предјадење, мезе, како прилог, па дури и како главно јадење. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.