Многумина се изненадени и можеби никогаш не слушнале за оваа лековита билка и за начините на кои таа се употребува. Станува збор за лековитата билка жалфија, а во продолжение прочитајте повеќе за неа.
Постојат 4 видови на жалфија. Во минатото се сметала за света билка, бидејќи се користела за лекување на различни здравствени состојби и потешки болести.
Содрѓи горчливи соединенија, сапонини, антибактериски ензими, естрогени, витамини Б и Ц, есенцијални масла како и калиум и други минерали кои можат да го подобрат вашето целокупно здравје.
Позначајните дејства на жалфијата се:
-закрепнување на нервниот систем
-подобрување на циркулацијата
-ублажување на уморот
-силни астригентни својства
-ослободува од дигестивни проблеми како што е дијареата
-ги олеснува симптомата од менопауза
-го регулира нивото на шеќер во крвта
-ги исцелува чиревите
-го ослободува телото од вишок течности
-лекува циститис
-лекува орални проблеми
-има антисептички и противвоспалителни својства
Жалфијата е позната како “женска билка” бидејќи ги ублажува менструалните симптоми.
Еве како може да помогне:
ИНФЕКЦИЈА НА НЕПЦАТА
Пригответе посилен чај од жалфија и оставете да излади. Процедете го чајот, а потоа со течноста плакнете ја усната шуплина неколку пати во денот, најмалку трипати, за ублажување на инфекциите на грлото и воспалените непца.
ДИГЕСТИВЕН ТОНИК
Три шолји зовриена вода прелите ги преку 3 лажички сува жалфија, а потоа оставете го чајот да излади поклопено. Процедете и пијте по една шолја, трипати дневно.
ВОСПАЛЕНИ НЕРВИ И ПОРЕМЕТУВАЊА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ
Ставете 4 г сува жалфија во шолја врела вода, а потоа оставете да излади пред да го пиете чајот.
ЗА РЕВМАТИЗАМ И ПАРАЛИЗА
Направете бања: наполнете ја кадата со топла вода и во не ставете 2-3 шаки сува жалфија. Киснете во оваа бања 15-20 минути, најмалку 2-3 пати седмично. Истовремено пијте и чај од жалфија.