Од првото и најважното полевање на доматите, веднаш откако ќе ги засадите во земја зависи како понатаму тие ќе се развиваат, каков ќе биде нивниот имунитет, односно отпорноста од надворешни штетни влијанија и колкав принос ќе даваат.

Со оваа течност растението зајакнува, а корењата полесно се разгрануваат и продираат во земјтата, така што, со својот густ мрежен систем тие стануваат одлична подлога за идното растение кое ќе дава богат и вкусен плод.




Овој раствор е сосем природен не и штети на околината, напротив, ја збогатува со многу потребни витамини и минерали. За билките делува како првото мајчино млеко – колострум, кое е многу важно да го примат бебињата, бидејќи од него зависи понатамошниот раст и развој на самата единка.




Растворот-колострум се приготвува од две состојки, а првата е квасец. Квасецот содржи уникатни микроорганизми и богат е со различни био-активни супстанции, витамини и минерали, како и амино киселини кои се многу корисни за растенијата.




Втората состојка е доматен сос/паста или џем. Можеби многумина сте изненадени од овој факт, но вистина е дека доматниот сос содржи исто така, голем број биолошки активни супстанции кои се многу корисни за почвата и микроорганзимите кои живеат во неа.




Покрај тоа, овозможува зајакнување и проширување на кореновиот систем. Доматната паста или сос/пире не смее да содржи сол, ниту хемикалии како вештачки конзерванси или адитиви, односно, треба да биде органска.




РЕЦЕПТ: Во половина топла/млака вода ставете две полни супени лажици доматна паста (густо доматно пире) и промешајте додека убаво да се раствори и изедначи. Ако немате доматна паста пез сол, тогаш подобро е да ставите две лажици некој џем кој ви се расипал, или едноставно да ставите две лажици шеќер.




Шеќерот е состојка која ја сакаат билките, но не и солта. Затоа, бидете внимателни при изборот на доматната паста/сос. Откако ќе го растворите џемот или доматниот сос, во течноста додајте 100 г свеж квасец (2,5 коцки).




Овој раствор оставете го настрана, на топло за да ферментира убаво и да се запени, околу 20-30 минути. За ова време квасецот постепено ќе започне да се активира и да ги ослободува корисните био-состојки.




Оваа полулитарска течност истурете ја кофа со 10 литри млака вода и промешајте за да се изедначи растворот. Водата со која ги полевате растенијата не смее да биде ладна, туку барем еднаква на надворешната.




УПОТРЕБА ЗА НАВОДНУВАЊЕ: Еден литар од овој раствор растворете го во 5 литри вода (значи, тие 10 литри течност се разблажуваат со приближно 50 литри вода). Прво навадете ги билките со обична, чиста вода, а потоа во секој корен истурете 1 литар од оваа течност. Вкупно имате за наводнување на околу 60 корења. Оваа прихрана е најдобро да се користи четвртиот или петиот ден од засадувањето на билката.