Потребни состојки:
500 г мелени бисквити
20 корнети за сладолед
200 г чоколадо за готвење
150 г желе бонбони
1 путер/маргарин
250 г шеќер во прав
150 г пржени лешници
2 лажици масло
Постапка:
1.Желе бонбоните исечете ги на коцки, а лешниците сомелете ги покрупно.
2.Путерот и шеќерот во прав заедно изматете ги пенесто, па додадете ги мелените бисквити и промешајте.
3.Во смесата додадете желе бонбони и 150 г растопено чоколадо, па промешајте со лажица.
4.Направете глазура: истопете 50 г чоколадо со 2 лажици масло.
5.Корнетите полнете ги со приготвената смеса, а врвовите натопувајте ги во глазура и лешник.