Оние што еднаш ја одгледувале оваа билка, позната како Драгољуб или Лази Бубе/ Латинче, одново и одново и си ја засадуваат секоја наредна година на својата тераса или градина, бидејќи ја знаат оваа тајна.

Драгољуб или драгашац е повеќегодишно тревно растение кое потекнува од Перу и Мексико. Има многу привлечни цветови со портокалови и жолти нијанси, а на секој двор или тераса му дава посебна доза на привлечност.




Сепак, постојат 5 практични причини зошто цвеќето Драгољуб треба да ја краси и вашата градина:

1.Привлекува корисни инсекти во градината – пчели и други опрашувачи. Пчелите се потребни за нашиот опстанок на оваа планета. Затоа погрижете се вашата градина да ги има оние растенија што ги сакаат пчелите. Драгољуб дефинитивно е еден од нив.




2.На Драгољуб одлично му влијае близината на овошје и зеленчук, т.е. претставува најдобриот сосед за сите билки. Освен што привлекува опрашувачи, ова цвеќе има способност да ги одвраќа штетниците подалеку од гравот, доматите и растенијата од семејството на зелка.




Драгољуб е одличен сосед и со растенијата како што се тиквичките и краставиците, бидејќи мирисот на овој цвет одбива и збунува многу штетници.

3.Драгољуб е одличен покривач на земјиштето. Ова растение е отпорно на суша и служи како одлична покривка на почвата. Корисно е за суви и топли подрачја, бидејќи го намалува испарувањето на почвата. Исто така го спречува растот на плевелот, каде што ја покрива земјата.




Како покривка за земјата, ова цвеќе ќе послужи и за хранење на почвата која е сиромашна со минерали, бидејќи е познато како зелено ѓубриво. Кога ќе му помине „времето“, едноставно оставете го да скапува на местото каде што пораснало и на тој начин ќе ја нахрани почвата каде што пораснало.




4.Драгољуб/Лази Бубе е одлична покривка и за огради, оштетни ѕидови и тараби. Ако засадите Драгољуб на место што е неугледно и помалку привлечно, како што е некој стар и излупен ѕид или лоша ограда, ова растение брзо ќе ја покрие областа и ќе направи вашата градина да изгледа магично.




5.Драгољуб е јадлива билка. Цветовите, листовите, како и пупките на ова цвеќе се јадат и се користат за подготовка на оброци во многу култури. Листовите и цветовите на Латинчето можете да ги измешате со зелена салата, да ги зачинете со оцет и масло и да ги послужите со главното јадење.




РЕЦЕПТ: На секои 100 мл 96% медицински алкoxoл се става една лажица иситнета билка. Теглата или шишето се остава затворено да отстои 6-8 денови на собна температура. Потоа се процедува и се конcyмира по една лажичка, 2-3 пати дневно, разредено со малку вода.




ЛЕКУВА: болести на бубрези, мочни канали (инфекции и воспленија), застој на урина, болест на коса и теме на глава; болести на кожа, за иcпирање на разни кожни повpeди, изгоpeници, осип; болести на црн дроб и жолчно кесе, слаба функција и слабо лачење; воспалителни болести на око.




ТИНКТУРА ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Потребни состојки: 100 г свеж лист Драгољуб (Лази бубе) 100 г свежа коприва, 100 г лист од зеленика и 500 мл алкоxoл

Сите состојки ситно исечкајте ги, прелијте ги со алкoxoл, затворете и оставете да отстои 15 денови на собна температура. Секој ден протресувајте го шишето или теглата. Потоа процедете низ газа. Еднаш дневно, во текот на три седмици, тинктурата втpивајте ја во кожата на главата со помош на мека четка. Послe еден час исплакнете со млака вода.




ЧАЈ ЗА КОЖНИ И ОЧНИ БОЛЕСТИ

Една чајна лажичка лист се прелива со 200 мл врела вода, се поклопува и после половина час се процедува. Се пие 2-3 шолји во текот ан денот. Истиот ќај може да се користи за облога и за испирање.