Постои верување дека мачките се себични, саможиви и дека тие само сакаат внимание и да бидат мазени – но, тоа не е точно.

Истражувањата покажале дека помеѓу овие мили суштества и нивните сопственици постои посебна “лековита” врска.

Имено, лицата кои имаат мачки за домашни миленици, поретко доживуваат мозочен удар, бидејќи играњето и размената на нежности со нив, го смирува организмот. Докажано е дека децата кои од мали растат со нив, помалку се подложни на астма.

Покрај тоа, овие слатки животинки можат да лежат покрај својот болен сопственик, чекајќи го да оздрави. Меките, ритмични вибрации кои ги испушаат додека предат, ја намалуваат болката и го забрзуваат оздравувањето. Исто така, многу се забавни, па често ги засмејуваат своите сопственици, им го подобруваат расположението и им го ублажуваат стресот.

Ова се неколку докажани докази за тоа, дека мачките не само што убаво изгледаат на фотографиите, туку и многу придонесуваат за нашето здравје.

МАЧКИТЕ ЛЕКУВААТ

Предењето на мачките влијае врз зараснувањето на раните. Иако научниците сè уште не откриле како точно се создава тој звук, сите знаеме: Мачките предат. Тоа, на некој начин има благопријатно дејство врз човековата способност за регенерација.

МАЧКИТЕ ПРЕДАТ СО СПЕЦИЈАЛНА ТЕРАПЕВТСКА ВИБРАЦИЈА

Мачките вибрираат на фрекфенција од 25 до 150 херци. Ова е токму фрекфенцијата на која најдобро се регенерираат мачкините мускули и коските. Но, овие бранови исто така, се совршени и за луѓето.

Тие се наоѓаат во “терапевтскиот” дијапазон, од медицинска точка на гледање, во растојание од 25 до 150 херци. На овој факт се посветени поголем број студии.

Според тоа, со мачкиното предење може да се излекуваат фрактури и други повреди на коските, оштетени мускули, па дури и да се ослободат потешкотии во дишењето.

МАЧКИТЕ ЈА НАМАЛУВААТ КОЛИЧИНАТА НА СТРЕС ВО ВАШИОТ ЖИВОТ

Истражувањата покажале дека сопствениците на мачките просечно имаат помалку симптоми на стрес. На второ место се сопствениците на кучиња. Најподложни на стрес се луѓето кои немаат домашни миленици.

МАЧКИТЕ МОЖАТ ДА ГО НАМАЛАТ РИЗИКОТ ОД СРЦЕВ УДАР ЗА 40%

Научниците од Универзитетот во Минесота утврдиле дека присуствто на мачка во домот е корисно за срцето. Во својата студија откриле дека луѓето кои немаат мачка, за 40% почесто страдаат од срцеви напади. Зошто?

Еве го цитатот:”Најлогичното објаснување може да биде тоа што мачките се во состојба значително да го намалат стресот, нервозата и грижата, а со самото тоа да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести”.