Толку сочен и вкусен колач што не може да се опише со зборови. Колачот не содржи брашно, а се состои од чоколадо, портокал и ореви. Комбинација од соништата! Освен што е многу вкусен, овој колач се приготвува и многу набрзина. Рецепт на Јелена Петровиќ.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 100 г шеќер, 1 шолја млеко (шолја од 100 г), 1 шолја гриз, 1 шолја масло, 100 г мелени кекси, 100 г мелени ореви, 1 лажица какао, 1 кесичка прашок за печиво, рендана кора од еден портокал, 1 кесичка ванилин шеќер. За сируп: 200 г шеќер, 200 мл вода и сок од 1 портокал

ПОСТАПКА: Во подлабок сад изматете ги пенасто јајцата со постепено додавање на шеќерот. Матете додека тој да се растопи и да згусне смесата, околу 7-10 минути непрекинато.

Најдобро е прво да ги изматите белките во цврст снег заедно со шеќерот, а потоа една по една да ги додавате и жолчките (или сите одеднаш), зошто на овој начин се постигнува најголема пенливост на смесата..

На овој начин ќе добиете повоздушеста смеса и тестото ќе биде многу поубаво. Потоа додајте го млекото, гризот, маслото, мелените бисквити, мелените ореви и какаото во прав. Потоа додајте просеан прашок за печиво, рендана кора од портокал и ванилин шеќер. Мешајте со лажица или шпатула.

Добро измешајте додека смесата да стане компактна а состојките да се изедначат. Добиеното тесто разлејте го врз намастен плех. Одозгора можете да наросите ситно сечкани ореви, по желба. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.

За тоа време направете го сирупот. Во едно тенџере ставете шеќер и прелијте со вода. Ставете да се вари околу 5 минути и додајте го сокот од портокал. Врелиот испечен колач исечете го на коцки, па прелијте го со сирупот.

Оставете да се олади и да го впие. А потоа сладете се. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.