Кога го видов рецептот на Рада за штангли со ореви, останав воодушевена бидејќи ме потсети на старинските колачи на мојата баба. Таа постојано ми ги правеше, па добро се сеќавам на вкусот на кремастите колачиња.
Сè што треба да направите е да ги измешате состојките за кора, да прелиете, да ставите на печење, а во меѓувреме го подготвувате кремот од неколку состојки, се подготвува нешто слично како пудинг. На крајот филувате. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:
ПOTРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 200 г шеќер, 200 мл масло, 150 г мелени ореви, 250 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 300 мл минерална вода. ЗА КРЕМ: 2 јајца, 180 г шеќер во прав, 2 кесички ванилин шеќер, 200 г путер/маргарин, ореви за наросување.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад се кршат 3 јајца, нежно се разматуваат пенасто со миксер, па се додава 200 г шеќер постепено. Смесата се мати додека шеќерот да се растопи во јајцата. Потоа постепено се додава маслото додека непрекинато матите со миксерот. Запомнете дека најсочните колачи секогаш имаат малку масло во нив.
Во изматената смеса се додаваат оревите, па постепено се додава брашното измешано со 1 кесичка прашок за печиво. Матете со миксерот за да не се формираат грутки од брашното. Кората е спремна, не треба да отстои туку може веднаш да се стави на печење.
Кората може да се пече на 2 начина. Првиот начин 1 да ја печете на двапати, прво едната половина па другата, во плех со димензии 20×30 см. Вториот начин е да ја печете кората во поголем плех, а кога ќе се испече да ја поделите на половина. Јас печев по вториот начин.
Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15–20 минути. ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: Во сад изматете ги двете јајца заедно со 180 г шеќер во прав и 2 кесички ванилин шеќер.
Смесата излејте ја во тенџере и гответе ја додека да се формира конзистентност како пудинг. Потоа во неа додајте 200 г путер или маргарин и мешајте додека да се растопи. Кремот мора добро да биде оладен пред да се филува на кората.
Кората се дели на две половини. Добро оладениот крем се разматува малку со миксер, па 2/3 се премачкуваат на првата кора. Одозгора се става втората половина од кората и се премачкува со преостанатиот крем.
По желба декорирајте ја тортата со мелени ореви како што направив јас, а потоа ставете ја во фрижидер добро да се стврдне. Се послужува сечена на штангли. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.