Кога ќе го прочитате рецептот, сигурно ќе си речете: „Како ли не не го знаев овој рецепт досега?“ Одлична идеја како да јадете повеќе зеленчук приготвен на многу вкусен начин. Многу брзо и лесно се подготвува. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г зелка, 1 голем морков, 1 грст свеж магдонос, 4 јајца, 1 мала лажичка сол (8 г), 1/2 чаша млеко (90 мл), 3 супени лажици брашно (80 г), 1 мала лажичка црн пипер или по вкус, 4 супени лажици растително масло (25 мл), сусам за наросување одозгора.

ЗА СОС: 1 голем морков (или 2 помали), 2 чешниња лук, 3 супени лажици маслиново масло (20 мл), свеж магдонос и 3 супени лажици цврст јогурт или кисела павлака (160 г)




ПОСТАПКА: Рецептот можете да го приготвите во рерна (под фолија), а ние ќе ви презентираме како можете да го подготвите во тавче на рингла. Најрпво потребно е зеленчикот да го измиете и исчистите. Зелката ситно исечкајте ја, магдоносот исто така, а морковот изрендајте го.




Сиот иситнет зеленчук ставете го во еден поголем сад и измешајте го. Во посебен сад скршете четири јајца, посолете со една лажичка сол и добро изматете со жица маталка. Во матените јајца додајте 90 мл млеко, 80 г брашно и малку црн пипер по вкус (со зелката одговара и повеќе црн пипер, но не повеќе од една ипол лажичка).




Матете сè додека да исчезнат сите грутчиња. Треба да добиете убава течна и мазна смеса, со конзистенција на јогурт. Смесата излејте ја во ситно исечканиот зеленчук и промешајте. Потоа во нелеплива тава ставете околу 3 лажици масло (20 мл) да се загрева на умерена температура. Добро намастете ги и ѕидовите на тавата.




Излејте ја содржината во загреаната тава, распоредете и израмнете. Одозгора наросете сусам. Поклопете одозгора со капак и оставете да се готви пет минути на умерена температура. Проверете дали дното е заруменето, па превртете ја „палачинката“ врз широка, плитка чинија.




Во тавата повторно налејте малку масло, па вратете ја „палачинката“ да се испече и од другата страна. Поклопете со капакот и печете уште три минути. Проверете дали е заруменета, па извадете ја од огнот.




ЗА СОС: Исчистете го и изрендајте го морковот, додајте две чешниња лук ситно исечкани или рендани, налејте малку маслиново масло (20 мл) и запржете го зеленчукот на умерена температура додека да омекне. Тргнете го настрана да се олади.

Во посебен сад ситно исечкајте свеж магдонос околу половина китка или еден грст, па додајте 160 кисела павлака или цврст јогурт, промешајте и додајте го омекнатиот и оладен морков. Зачинете по вкус и убаво промешајте за да се изедначат состојките.

Исечете ја палачинката од зелка и послужете ја со вкусниот сос. Ова јадење е многу повкусно од месо, а лесно и брзо се приготвува, одлично за појадок или вечера, а може и за ручек. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.