Пченкарната пита „пројара“ е толку мека, воздушеста, вкусна, што сигурно ќе ви се допадне…Рецепт на Верица Николиќ. Еве што ви е потребно:

Рецепт и фотографија на Верица Николиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
80 мл масло
50 мл јогурт
150 мл млеко
100 мл газирана вода
140 г палента
140 г пченично брашно Т-500
1 кесичка прашок за печиво
120 г „бејби“ млад спанаќ (едно пакување)
250 г домашно кравјо сирење
1 лажичка сол

Рецепт и фотографија на Верица Николиќ

ПОСТАПКА:

1. Плех со големина од 30 cm x 20 cm се премачкува со масло и се трга настрана. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

Скршете ги јајцата во сад и изматете ги со жица за матење, колку да се соединат. Додајте масло, јогурт, млеко и газирана вода. Сè соединете со матење со жица. Додајте ја смесата од палентата, пченичното брашно, солта и прашокот за печиво.

Убаво се мати со жица да не останат грутчиња. Додајте ситно сечкан млад спанаќ и измешајте со лажица (можете да користите и обичен спанаќ, каков имате).

Ако користите спанаќ со големи листови прво исечкајте го, посолете го малку, почекајте околу пет минути да испушти вода и добро исцедете го со рака пред употреба. За младиот спанаќ, оваа постапка се прескокнува.

На крајот додајте го сирењето кој претходно сте го иситниле со вилушка. Сè убаво измешајте и истурете во подготвениот плех. Израмнете ја површината и печете околу 25-30 минути или додека површината да добие златножолта боја.

Испечената пројара покријте ја со кујнска крпа и оставете ја да се излади пред да ја исечете. Послужете со прилог по желба. Рецепт на Верица Николиќ.

Рецепт и фотографија на Верица Николиќ