Астролозите сметаат дека ова е погоден ден за манифестација или концентрирање на желбата или она што сакате да го oстварите во реалност. Шарлот Кирстен, познат психолог, ја дефинираше оваа манифестација како можност за насочување на вербата и мислите кон целта и на тој начин „намерно да ја создадете вашата реалност преку верувања или дејства“.




Се смета дека енергетскиот премин наречен „Лавовска порта“ е еден вид на вселенски празник, кој се случува секоја година во момент кога ќе се случи одредено усогласување на небото. Фeнoменот „Лавовска порта“ го означува порамнувањето на сонцето во Лав, ѕвездата Сириус (најсветлата ѕвезда на ноќното небо), соѕвездието Орионовиот појас и Земјата.




Таканаречениот „портал“ е „отворен“ во периодот помеѓу 26 јули и 12 август. Сепак, неговите моќи се најмоќни на 8 август (огледало-ден), кој кај некои е познат како „Галактичка Нова Година“.




Значењето на датумот (8 август или 8/8) не треба да се занемарува. Во нумерологијата – во која поединечните цифри се проткаени со значења – бројот 8 значи богатство, среќа и добри вибрации.




Покрај тоа, кога е свртено настрана, 8 го претставува симболот за бесконечност. Тоа претставува изобилство, кое може да се однесува на она што го манифестирате.

Овој период ни овозможува да ги поттикнеме нашите аспирации, да манифестираме нови идеи и проекти, да ја подигнеме нашата свест и да ја зајакнеме нашата дyxовна енеpгија. Секој што бара промена во својот животен стил, поставувајќи нови цели или сака да постигне повеќе, оваа „порта“ е за вас.




Што треба денес да направите за да си ги остварите вашите желби: Започнете со позитивно размислување и за миг застанете, peлаксирајте се и кажете си ги на глас вашите желби како тие веќе да ви се остварени.




Уште поголем ефект на манифестацијата ќе има доколку тие желби ги пренесете на лист хартија, а може и да ги нацртате, како на пример, куќа, милениче, партнер, сè она што сакате да ви се оствари.




Потоа, тој лист со вашите желби закачете го на видно место во вашата куќа, на пример во кујната каде што постојано ќе го гледате или наутро веднаш спроти вашиот кревет. На тој начин, вие постојано ќе бидете сконцентрирани на манифестацијата што носи поголеми шанси таа да ви се оствари.




Соединувањето на вашите цели со слики и зборови на хартија за видување му дава на вашиот ум слобода да тaлка. Закачете ја таблата некаде каде што ќе ја гледате секој ден. Гледањето на вашата „табла за видување“ е одличен потсетник да продолжите кон остварување на вашите цели.

НМД.мк