Овен
Минатото се подготвува да ве потсети. Во овој случај нема да важи онаа реченица: „Минато, те молам прости ми“, бидејќи како што досега сите врапчиња на гранките научиле – кармата секогаш доаѓа.
Некоја ваша бивша љубов ќе воспостави контакт со вас така што ќе ви се јави со зборовите: „Те барам како пријател, да видам како си и што правиш…“ Токму во тој момент играта може да започне. Има големи шанси околу ноември да се смирите и да започнете сериозна врска, па можеби дури и брак. Па, нека ви е со среќа, време беше да се смирите!
Близнаци
Близнаците ќе вкусат дел од „колачот“ кои судбината и кармата им го подготвуваат. Припадниците на овој знак најчесто лесно се провлекуваат низ големи и застрашувачки настани, но изгледа дека овој пат нема да можат да побегнат од духовите од минатото.
Оние кои се осамени веќе подолго време, дури сега успеваат да остварат силно и стабилно партнерство, додека пак, оние кои се во емотивни односи ќе налетаат на преиспитување на цврстината на својата врска.
Нешто во вас ќе ве натера да контактирате со некој кој одамна не сте го чуле, а за кој сè уште ве врзува нешто длабоко од внатре.
Рак
На Раковите не им е сè мед и млеко. Ситуацијата изгледа вака: Вие во секое поле од животот чувствувате притисок, вклучувајќи го домот, партнерството, бракот, па дури и работата.
Проблемите на емотивниот план ќе успеете да ги решите со мир, трпение, истрајност и решителност. Но, и вам ве следува борба со духовите од минатото.
Вие нема да можете да одолеете да одговорите на еден повик од онаа личност која сè уште го чува вашето срце, па ќе отрчате по уште една доза пред да продолжите понатаму со вашиот живот. За оние Ракови на кои љубовта во текот на целата година им бегала, ќе имате шанса за нова во декември, па обидете се да не ја пропуштите таа можност.