Покрај тоа што е тврдоглав – умее страшно да биде напорен. Вие му велите едно, тој ќе направи нешто сосема друго. Колку што има доблести, толку има и маани. Личностите кои ќе “излезат на крај” со овој хороскопски знак заслужуваат награда!
Луѓето во знакот на Бик се многу тврдоглави. Кога нешто ќе им наредите, тие едноставно не сакаат да се мрднат од место. Инаку, се многу вредни, но кога ќе одлучат да одмараат и не работат ништо тогаш сфатете ги во буквална смисла на зборот.
Немојте да бидете изненадени ако Бикот од време на време ве праќа во кујна по чаша вода или доколку се обидува да ве наговори да одите во продавница по некое чоколадо. Тие се одлични манипулатори и што и да замислат – тоа мора да биде така.
Од друга страна, ако им наредите малку да се придвижат од креветот или од “мртва точка” тие едноствано ќе ве игнорираат. Биковите сакаат се, но за тоа да не мораат многу да се трудат.
Тие сакаат да се прават паметни, па доколку ги прашате за совет, ќе ве опсипат со мудрости наредните два часа, за да на крај, ве вратат на суштината на приказната, која ја кажале веќе во првата реченица.
Исто така, Биковите и многу се сомневаат, па често недостатокот на доверба им создава проблеми во љубовните или пријателските односи. Тие се сомневаат дури и кога не им давате никаков повод за тоа.
Премногу се претпазливи, па често знаат “од мува слон да направат “, бидејќи на тој начин се подготвуваат за сите можни ситуации.
Сепак, овој знак има и многу добри особини, кои во комплет со споменатите маани го прават интересен во астролошкиот светот.
Биковите се искрени, друштвени и семејни. Тие ќе бидат тука за вас во било кое време во текот на денот или ноќта. Едноставно не знаат како да ве одбијат. Ќе направат се за да ви помогнант. Тие се одлични слушатели и кога ќе им доверите тајна, бидете сигурни дека нема да ве разочараат.Доколку барате совет – ќе го добиете најдобриот на светот.
Тие се многу лојални и верноста им е силна страна.
Многу се смирени, кога ќе се најдат во неволја никогаш не креваат паника, туку мислат како веднаш да дојдат до решение.
Како партнери, се тешко надминливи.
Во секој случај, доколку во своето опкружување имате некој Бик – бидете среќни.
Никогаш нема да ви биде досадно.