НАЈВКУСНАТА торта што некогаш сум ја направила…Едноставно, брзо и вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце
80 г шеќер
8 г ванилин шеќер
50 мл масло
50 г мек путер
250 г брашно
10 г прашок за печиво

Чоколаден крем:
1 јајце
2 лажици шеќер
4 супени лажици скроб
400 мл млеко
100 г црно чоколадо
200 мл слатка павлака

И уште:
чоколадни капки/чипс
шеќер во прав

ПОСТАПКА:

1.Изматете го јајцето со шеќер и ванила, додајте масло и мек путер и сето соединете го со жица маталка. Додајте брашно и прашок за печиво па замесете со рака меко тесто кое лесно се обликува.

2.Поделете го на 2 топки. Едната топка (сосем малку помала од другата) завиткајте ја во кеса и оставете ја во замрзнувач или фрижидер.

3.Калап 22 см намастете и набрашнете. Поголемата топка натапкајте ја на дното од калапот и малку подигнете од страните. Оставете во фрижидер додека го приготвувате филот.

4.Во тенџере измешајте јајце, шеќер, скроб и млеко па ставете на оган и варете со непрекинато мешање додека да згусне. Потоа додајте го чоколадото и мешајте за да се растопи и соедини.

На крај додајте ја слатката павлака и повторно промешајте додека сето да се соедини.

5.Врелиот крем сипете го во калапот и израмнете.

6.Одозгора изрендајте го смрзнатото тесто, посипете чоколаден чипс (капки) и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.