Home Десерти Најсовршениот рецепт за КРЕМПИТА…Пуфнаста, кремаста, вкусна…Ова е тајната како да стои висока...

Најсовршениот рецепт за КРЕМПИТА…Пуфнаста, кремаста, вкусна…Ова е тајната како да стои висока и цврста…

Најсовршениот рецепт за КРЕМПИТА…Пуфнаста, кремаста, вкусна…Ова е тајната како да стои висока и цврста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

лиснато тесто (1 пакување замрзнато – 500 г или две пакувања свежи)
10 јајца (белки+жолчки)
1,5 литар млеко
150 г скроб/нишесте/густин
350 – 400 г шеќер
30-40 г ванилин шеќер или 2 лажици арома од ванила
30 г желатин (растворен во чаша вода)
ако сакате малку кора од лимон
калап 33 x 24 см, длабочина 5 см (или приближно)

ПОСТАПКА:

Рерната вклучете ја на 200 степени. Големиот плех од рерна превртете го и ставете хартија за печење. Отворете го лиснатото тесто и одозгора поклопете го со огноотпорен сад за да се израмни и печете го 10-тина минути. Оставете да се олади.

Постапката повторете ја и со второто лиснато тесто, но ова исечете го на коцки.

Густинот разредете го со малку млеко, жолчките, шеќерот и ванилата, а остатокот од млекото ставете го да зоврие. Тргнете го настрана и сипете ја смесата со жолчки. Вратете на тивок оган и мешајте додека да згусне.

Желатинот растворете го во ладна вода и оставете да набабри. Потоа сипете неколку лажици од топлиот крем, измешајте го за да се растопи и сето вратете го во тенџерето со кремот и добро промешајте. Оставете 15 минути да се олади.

Белките пенасто изматете ги додека да добиете цврст снег. На неколку наврати додајте го снегот во кремот и мешајте со жица додека да се изедначи (мешајте од долу кон горе). На крај додајте малку рендана лимонова кора, по желба.

Кремот сипете го врз првата печена кора, а одозгора наредете ги печените лиснати коцки. Оставете го колачот во фрижидер до следниот ден, убаво да се стегне. Посипете одозгора шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ: