Најлесната и најбрзата торта на светот…Свекрва ми ме научи да ја правам вака…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 јајца + 2 белки (жолчките за крем)
1 прстофат сол
210 г шеќер
180 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
50 г скроб/нишесте/густин
80 мл масло
малку млеко за натопување на печениот бисквит

За крем:

2 жолчки
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
3 лажици скроб/нишесте/густин
600 мл млеко
180 г путер

ПОСТАПКА:

Јајцата и белките со прстофат сол изматете ги пенасто со постепено додавање на шеќерот. Кога смесата ќе згусне додајте просеано брашно помешано со скроб и прашок за печиво.

Мешајте со шпатула за да остане смесата пенлива, а на крај сипете го и маслото и продолжете со мешање додека да се инкорпорира. Смесата сипете ја во голем плех обложен со хартија и печете 20 минути во загреана рерна на 180 степени.

Сите состојки за кремот освен путерот соединете ги во тенџере, па ставете да се вари на умерена температура додека да згусне, со непрекинато мешање. Оставете да се олади. Путерот пенасто изматете го и постепено соединете го со кремот.

Печениот бисквит откако ќе се олади пресечете го на половина вертикално, а потоа и хоризонтално за да добиете 4 тенки кори. Секора кора малку натопете ја со млеко, па филувајте со кремот. Оладете 30 минути во фрижидер.

Залијте одозгора со чоколадна глазура (по желба) и оставете да се стегне (не мора) пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ: