Тироидната жлезда е ендокрина жлезда која се наоѓа во предниот дел на вратот. Таа произведува два важни хормони – тироксин и тријодтиронин, кои влијаат на голем дел од процесите во човечкото тело, меѓу кои метаболизмот, телесната температура и работата на срцето, како и нормалниот раст и развој кај децата.

Проблемите се појавуваат кога тироидната жлезда станува прекумерно активна или пак премалку активна. Ваквите пореметувања можат да се јават како резултат на генетски предиспозиции, бременост, стрес, автоимуно заболување, лоша исхрана и токсини од опкружувањето на кои сме секојдневно изложени.

Доколку пореметувањата на тироидната жлезда не се лекуваат навремено, можат да доведат до покачување на маснотиите во крвта и да го зголемат ризикот од срцев или мозочен удар. Ако хормоните на оваа жлезда опаднат екстремно, може да настапи дури и состојба на кома.

Намаленото лачење на хормони на штитната жлезда – хипотиреозата може да предизвика симптоми како што се промени во менструалниот циклус, сува кожа и кршливи нокти, чувство на трнење во рацете и прстите, и опстипација.

Хиперфункцијата на штитната жлезда доведува до појава на Базедова болест. Хиперфункцијата во раниот развиток доведува до појава на ментално и физичко заостанување – кретенизам. Кај возрасни луѓе, поради намаленото лачење на тироидните хормони, доаѓа до намалување на метаболизмот, намалување на телесната температура , груба и отечена кожа, забавени реакции, незаинтересираност итн.

Хипертиреозата, или зголеменото лачење на хомони, исто така, предизвикува промени во менструалниот циклус, но тие се обично придружени од други симптоми како што се проблеми со видот, чувство на слабост во мускулите, треперење на рацете и дијареја. Хипотиреозата се јавува почесто од хипертиреозата.

Проблемите со тироидната жлезда се многу чести кај новороденчињата, децата во развој и кај жените, особено во периодот после 40-та година. Доколку овој проблем не се воочи навремено, може да предизвика сериозни здравствени нарушувања.

СИМПТОМИ

-Нагли промени во телесната тежина

-Оток во пределот на вратот

-Промени во пулсот

-Промени во расположението и енергијата

-Опаѓање на косата

-Промени во телесната температура

-Во случај на неплодност кај жената

-Кај новороденчињата, бидејќи нарушената работа на тироидата може да доведе до ретардираност

-Кај децата со нарушен раст и развој

-Ако веќе се лекувате од болести на тироидната жлезда и сте на терапија со синтетски антитироидни лекови или со тироксин (Т4)

-Ако сте на некаква терапија со лекови кои можат да предизвикаат промени на функцијата на тироидеата

-Ако имате нетироидно автоимуно заболување

-Ако имате повеќе од 40 години

-Ако патите од несоница или анксиозност

-При промени на кожата

-При покачени маснотии и ензими на црниот дроб

-Превентивна контрола за канцер на тироида

Заради ризиците кои ги носат пореметувањата на тироидната жлезда, многу е важно тие да се детектираат што е можно поскоро, со што пософистицирана опрема и реагенси.

Ако имате нарушување на функцијата на тироидната или штитна жлезда, покрај советите и терапијата која ќе ви ја даде вашиот лекар, треба да избегнувате и некои видови храна, за да ги задржите вашата општа здравствена состојба, телесна тежина и енергија.

Еве која храна треба да ја одбегнувате: 

Пржена храна 

Пржената храна содржи големо количество на транс-масти, па доколку консумирате лекови за тироидната жлезда, треба да бидете особено внимателни. Храната што содржи многу транс-масти може да го инхибира ефектот на лековите кои ги заменуваат хормоните на тироидата. Многу лекари препорачуваат елиминирање на пржената храна од исхраната бидејќи може да има негативно влијание и врз производтсвото на тироидниот хормон кој природно се создава во организмот.

Шеќер

Што се однесува до шеќерот, имајте на ум дека со намалувањето на неговиот внес, вие ќе имате голем број благодати. Со елиминирање или со намалување на храната што содржи рафиниран шеќер, вие ќе воспоставите нормално ниво на шеќер во крвта, што е од суштинско значење, особено ако имате автоимуно заболување на тироидната жлезда.

Храната што содржи рафиниран шеќер влијае врз функцијата на панкреасот, со што може да се развие отпорност на инсулин, а со тоа да се оштети и тироидната жлезда и да се предизвика намалено производство на хормоните.

Кафе

Ако имате некој вид нарушување на тироидната жлезда, тогаш мора да го елиминирате кафето. Ако сте страстен уживател на овој црн пијалак, особено ако сте започнале да го пиете уште како многу млади, време е да го намалите и на крај целосно да го елиминирате.

И покрај тоа што можеби нема да предизвика некоја драстична штета во вашиот организам ако го консумирате умерено, треба да знаете дека прекумерното консумирање кафе може да има опасно влијание врз функцијата на жлездите. Може да предизвика различни болести на тироидата и на надбубрежната жлезда.

Зелкаст зеленчук

Зеленчукот е многу добар за вашето здравје, но ако имате нарушување на тиродната жлезда, тогаш треба да го намалите внесот. Но, ова важи само доколку имате недостиг на јод. Значи, ако внесувате различни други важни хранливи материи во исхраната, консумирањето на брокулата и на другиот сличен зеленчук нема да ви предизвика никакви проблеми.

Глутен

Глутенот содржи протеин глијадин кој му штети на телото, а тоа значи дека здравјето на тироидната жлезда е во опасност доколку консумирате храна која содржи глутен.

Тироидната жлезда има сличен ензим на глијадинот, а тоа е трансглутаминаза, па кога се јаде храна богата со глутен, имунолошкиот систем го напаѓа глијадинот, а заедно со него и трансглутаминазата од тироидата.

До оштетување на штитната жлезда може да дојде по шест месеци консумирање глутен. Доколку имате некакво нарушување на тироидната жлезда, редовно проверувајте дали имате нетолеранција на глуен или целијакија.

Соја

Ако имате каков било проблем со тироидната жлезда, би требало да консумирате умерено соја и производи од соја. Оваа намирница може да ја блокира апсорпцијата на лекови, особено во случај на хипотиреодизам.

Исто така, треба да се одбегнува консумирањето на сојата доколку примате додатоци во исхраната како што се калциум и магнезиум или антациди кои содржат калциум хидроксид, или лекови за штитна жлезда.