Моќната состојка содржана во слаткиот корен ја прави корисна во чајната мешавина што се правела во старите времиња во манастирите, за лекување кашлица, чистење на белите дробови и cмиpyвање на воспаленијата.




Слаткиот корен народот со векови го користел за лекување кашлица, белодробна тyбеpкyлоза и како средство за ублажување на стомачни проблеми. Во средниот век се користел и за лекување на заболени бубрези, мочен меур и црн дроб.




Во монашките болници, чајот направен од мешавина од сладок корен, ризоми од пиреј и јачмен, се користел како универзален лек за закрепнување од многу болести.




Современите истражувања го потврдија и неговото благотворно дејство врз црниот дроб, па слаткиот корен е честа состојка во мешавините на чаеви за деток-сикација. Активните состојки покажуваат и антивоспалително дејство и благотворно делуваат на ублажување на гpчевите и б олките.




Сокот од свежото растение се користел во народната медицина како средство за лекување на чир на желудникот, а сувиот корен како состојка за приготвување на чаеви за регулирање на дигестијата или во вид на стапчиња за џвакање при откажyвање од пyшeњe.




Научниците го анализираа водениот екстракт добиен од сладок корен и идентификуваа глициризин, примарна активна состојка во коренот. Со метаболиза на глициризинот се произведува глукуронска киселина, која е од големо значење за излачувањето на другите метаболички производи од бубрезите.




Со оглед на тоа што го потенцира дејството на кардиотоничните лекови базирани на дигиталис, одредени диуретици и кортикостероиди, луѓето кои ги користат овие лекови не треба истовремено да користат чај од сладок корен.




Во никој случај не се препорачува употреба во случај на цироза на црниот дроб и бубрежна инсуфициенција, како и во случај на ниски нивоа на калиум во кр-вта.