Чоко плазма колач од 5 состојки за половина час е готов, без печење. Кога сте во брзање, а би сакале да изедете некој вкусен чоколаден колач, тогаш овој рецепт за десерт без печење е одличен предлог!

чоко плазма колач




Потребни состојки: 500 мл млеко, 100 г путер или маргарин, 200 г чоколадо за готвење, 250 г дробени плазма кекси, нутера и ореви.

чоко плазма колач




Постапка: Во едно тенџере ставете половина литар млеко и додајте 100 г путер. Ставете го тенџерето на рингла и загревајте на умерена температура додека да се растопи путерот, а потоа додајте 200 г чоколадо искршено на коцки. Мешајте додека и тоа да се растопи.




Мешајте постојано за да не ви загори, а потоа тргнете го тенџерето на страна и оставете го на жица да се подизлади 1-2 минути. Потоа во смесата додека сè уште е топла додајте 250 г мелени плазма кекси и промешајте за да се изедначат состојките, а кексите целосно да ја впијат течноста.




Калап со димензии 15х20 см обложете го со проѕирна фолија (а по желба може да користите и тркалезен калап за торти). Смесата иако топла, ќе биде доволно згусната како тесто, па истресете ја во подготвениот калап и рамномерно распоредете ја преку целата површина.

Смесата изтресете ја во калап со димензии 15х20 см




Колачот покријте го со фолија и оставете го половина час во фрижидер убаво да се олади и стегне. По изминатото време превртете го во чинија за послужување или друга подлога и отстранете ја фолијата. Одозгора рамномерно премачкјате го целиот колач со нутела.




Можете веднаш да го послужите. Декорирајте го со мелени / сечкани ореви и колачот е готов, можете да уживате во него. Колачот убаво се сече, па можете да го послужите како ситни коцки или штангли.

и уживајте во неговиот вкус…