Лепчиња со сирење…Идеални за појадок или вечера, меки, миризливи и вкусни…Многу се вкусни, меки се како душа, нема да зажалите ако ги направите. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
1 свеж квасец,
½ лажичка шеќер,
200 мл млако млеко,
600 г меко брашно,
80 мл масло,
1 лажичка сол,
1 јајце,
1 жолчка и
200 мл јогурт
За фил:
250 г свежо кравјо сирење,
80 г рендан кашкавал,
сол, црн пипер, сув зачин (вегета),
1 лажица сечкан власец,
1 јајце.
За премачкување: 1 јајце и 1 лажица сусам
Постапка:
Квасецот изронете го, додајте шеќер, малку топло млеко, убаво размешајте да се раствори и оставете го на топло да се активира, околу 10-тина минути. Во брашното сипете ја солта.
Во средината на брашното направете вдлабнување како бунарче, па тука сипете го активираниот квасец, маслото и разматеното јајце со жолчката, преостанатото млеко и јогуртот на собна температура.
Замесете меко и мазно тесто кое не се лепи на рацете. Кога ќе стане компактно, оставете го на топло место да ферментира додека да го удвои волуменот.
Сирењето измешајте го со ренданиот кашкавал. Зачинете по вкус со сол, црн пипер, власец, вегета, јајце и добро промешајте.
Тестото поделете го на мали топчиња, секое топче на дланката малку сплескајте го, ставете 1-2 лажички фил, а потоа повторно формирајте топче и ставете го на намастен плех.
ЕДНОСТАВНИ ТУРСКИ ПОГАЧИЦИ: Идеални за појадок, може да се подгреваат, многу вкусни
Премачкајте ги со разматено јајце, посипете ги одозгора со сусам и оставете ги на топло место да ферментираат уште 15 минути. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.