Рузмаринот е зимзелена медитеранска билка која најчесто се користи како зачин или етерично масло во приготвување на различни јадења. Ова се неколку причини поради кои треба да се користи рузмаринот:

Ги суз-бива п атогените микроорганизм, го намалува ризикот од појава на р ак на дој-ка, црева и кожа, особено во комбинација со куркума (го спречува растот и развојот на канцерогените клетки).

Маслото од рузмарин се користи како заштита од штет.ните сончеви зраци и појава на рак на кожа, го подобрува памтењето и концентрацијата, го чува здравјето на мозокот, ублажува дигестивни тегоби и б олки, чајот ги смирува иритабилните црева и ги смирува гр.чевите.

Исто така, ублажува главоболка и менструални б олки, го намалува ст-ресот, го намалува нивото на кортизол, ублажува настинки, грип, алергија и б олки во грло (при инхалација со масло од рузмарин), поттикнува раст на косата. Рузмаринот е силен бо-рец против слободните радикали.

Рузмаринот не е само украс, а народот отсекогаш го користел како лековита билка. Прочитајте го стариот врвен рецепт кој може веднаш да си го направите, а има бесконечно многу лековити придобивки.

Мацерат од рузмарин – При подготовка на мацерат, најдобро е да користите органски состојки со висок квалитет бидејќи лековитоста е најголема, а вкусот и мирисот се најинтензивни. Исто така, препорачливо е да се користат свежи билки кои треба претходно добро да ги измиете и да оставите да се исушат преку ноќ.

Потребни состојки: Добро исушени стебленца рузмарин, екстра девствено ладно маслиново масло, широка стаклена тегла, газа или цедалка со ситна мрежа. Во рецептот не е наведена точната количина на состојките бидејќи лекот се прави колку што е потребно.

Постапка: Првиот чекор е добро да ги измиете стебленцата од рузмарин, натопете ги во вода да отстојат еден час, а потоа двапати прелијте ги уште еднаш со вода и добро исушете ги.

Стебленцата од рузмарин треба да се сушат преку цела ноќ, па дури и неколку дена. По сушењето, малку изгмечете ги и ставете ги во голема тегла, а отпосле прелијте со маслиново масло до врвот, оставајќи прст до два простор во теглата.

Оставете ја теглата да отстои на суво и темно место отприлика 2 – 3 дена, а потоа прицедете го маслото и складирајте го во шишенца. Складираните шишенца добро затворете ги и чувајте ги во фрижидер, доколку сте направиле поголема количина од мацератот.

Употреба: Освен во кулинарството, маслото од рузмарин може да се користи за нега на кожата и косата бидејќи добро ја хидрира и го поттикнува растот на косата. Мирисот на рузмарин е исто така посебен.

За длабински третман на косата, потопете ја во свежо подготвеното масло, завиткајте ја со фолија или крпа и оставете да делува маслото преку ноќ, а наутро измијте ја косата на вообичаен начин.

Чај од рузмарин: 1-2 мали гранчиња од рузмарин прелијте со чаша врела вода, поклопете и оставете да отстои 15-20 минути, по што се процедува и се пие.

Тинктура од рузмарин: 120 г свеж румарин (или повеќе) се блендира 20 секунди, па се меша со 1 литар 40% ал.кохол или вотка. Се затвора во стаклена тегла или шише со метален капак, се чува на темно место и секојдневно се протресува, 14 дена. Потоа се процедува низ газа и се складира во стаклено шише. Две-три капки од оваа тинктура имаат дејство како една шолја чај од рузмарин.

Лековита ракија за реума и подобрување на циркулацијата: 1 гранче рузмарин се става во 200 мл домашна ракија и се затвора со метален капак. Оставете да отстои 10 дена или подолго, а потоа користете ја ракијата како облога за болните нозе.

Местата заболени од реума треба да се масираат трипати дневно. Кај исчашувања и трауми се користат облози од натопена газа или памучна крпа која се фиксира на болните места. Лековитата ракија од рузмарин ја поттикнува циркулацијата и ги ублажува грчевите во нозете.