Хеликобактер пилори (ХП) – грам негативна бактерија во облик на спирала која предизвикува инфекција во дигестивниот тракт. Хеликобактер пилори предизвикува повеќе од 90% од чиревите (улкус) на дуоденум (дванаесетпалачно црево) и до 80% од чиревите на желудникот.

До 1982 година, кога е откриена бактеријата, се мислело дека главни предизвикувачи на улкус на гастроинтестиналниот тракт се зачинетата и кисела храна, стресот и лошите животни навики. Така, пациентите добивале разни лекови кои само ги ублажувале симптомите на болеста, но не доведувале до излекување.

Најчесто, по прекин на терапијата симптомите се враќале. Денес е јасно дека причината за симптомите и болеста кај тие пациенти била бактерија која „преживувала“ во организмот. Освен на желудочната слузокожа, Хеликобактер кај луѓето е откриена и на раните во усната шуплина, забните наслаги, плунката, а докажана е и во столицата.

ХП е спирална бактерија која е пронајдена на желудочната слузокожа. Единствена бактерија која може да преживее во екстремно кисела средина, во присуство на многу малку кислород и при температура од 37 степени Целзиусови.

Во човековата околина (вода, храна, отпадна вода) ХП е пронајдена во големо присуство, со оглед на тоа дека спаѓа во бактерии кои се многу осетливи на надворешни влијанија, и тогаш само во облик на спора, форма за која не е докажано дека предизвикува болест.

На кој начин се инфицираме со Helicobacter pylori?

Начинот на инфицирање со ХП не е целосно познат и истражен. Досегашните истражувања говорат во прилог дека инфекцијата се пренесува од инфициран на здрав организам, и тоа на три начини:

Желудник – уста, кога од повратена желудочна маса која содржи голема количина на бактеријата, некако достигне до устата на здрав човек.

Уста – уста, кога од уста на заразен човек бактеријата се пренесува на устата на здрав човек. Истражувањата покажале дека ХП може да е присутна во раничките на усната празнина.

Столица – усна шуплина, кога од столица на заразен човек, преку нечисти раце бактеријата се пренесе на устата на здрав човек.

На кој начин ХП делува врз слузокожата на желудникот?

Инфекцијата со ХП започнува со влез на бактеријата во гастроинтестиналниот тракт на домаќинот. Исходот од оваа инфекција (успешна / неуспешна) зависи од способноста на бактеријата да преживее во киселата желудечна околина, нејзино успешно населување на покривните клетки од желудочната слузокожа, разможување и понатамошно делување.

Бактеријата преживува во киселата околина во желудникот преку лачење на супстанции (ензим – уреаза) со помош на кои околу себе прави алкална средина. Не продира низ покривните клетки од желудочната слузокожа, туку се населува помеѓу нив, и после успешно прикачување брзо се множи, а кога ќе достигне одреден број се шири низ целата површина на желудникот.

Инфекцијата со ХП предизвикува над 90% од уклусите на дванаесетпалачно црево, и околу 80% од улкусите на желудник.

Симптоми

Најчест симптом на пептична улкусна болест е болка во горниот дел од стомакот. Започнува често во текот на внесување храна со чувство на притисок или подуеност на стомакот по јадење. Се одликува со периодичност, ритмичност и често повторување. Се јавува во вид на жарење, го-рење, тиштење, кубење, чувство на тежина, притисок или чувство на глад.

Бо лката не поминува ни по земање храна, туку се засилува. Доаѓа до загуба на телесната тежина и апетитот е намален, бидејќи пациентите избегнуваат да земаат храна поради засилен интензитет на бо лка.

Така бо лката на желудочниот улкус се разликува од чир на дванаесетпалечно црево (дуоденален улкус). Често се јавува жиговина и ретростернална бо лка. Мач-нина, га-дење и повраќање почесто се јавуваат кај дуоденален улкус.

Желудочните улкуси често се асимптоматски или нетипични, така што може да имитираат симптоми на иритабилен колон.

Најчеста локализација на улкус на желудник е во хоризонталниот дел на овој орган, многу почесто е на помалата отколку на поголемата кривина. За разлика од улкус на желудник, бо лките кај дуоденален улкус се манифестираат на празен желудник од час до три часа по оброк.

Карактеристична е појава на бо лки по полноќ, обично пред зора кога бо лките го будат болниот од сон. По земање храна или лекови бо лките се намалуваат. Често се јавува мачнина, гадење и повраќање на кисела содржина. Апетитот кај дуоденален улкус е зачуван, а тежината е непроменета.

Лек против хелико бактерија која предизвикува чир во желудник

Потребно е вкупно да се изедат 900 г листови чувар куќа, но вие ќе ги приготвувате постепено, а не одеднаш целата количина. Прво во блендер сомелете 150 г лист од чувар куќа, а во смесата додадете една лажица мед.

Ова ќе го повторите уште 6 пати. Може и на трипати по 300 грама, но иако смесата се чува во фрижидер, затворена во стаклена тегла, подобро е да се приготвуваат помали количини. Се консумира по една лажица наутро, на празен стомак. Медот не е неопходен, тој повеќе се додава за вкус.

Исто така, можете да ставите и многу малку лимонов сок, за да си го прилагодите и подобрите вкусот. Ова ни го раскажа читателка која после 6 месечно консумирање на овој лек, кога се прегледала на лекар таа веќе немала ниту бактерија, ниту тегоби. А инаку и давале многу агре-сивна антибиотска терапија од која имала многу тегоби.

ЛЕК ЗА ЧИР НА ЖЕЛУДНИК

Потребни состојки: 100 листови тегавец и 1 тегла мед

Постапка: исечканите листови се мешаат со мед и се остава да отстои 15 дена пред употреба. Се чува во фрижидер и се консумира по една лажица наутро на гладно.