Многу вкусни кремасти коцки со јајца.

Потребни состојки:

7 белки
7 лажици шеќер во прав
7 лажици брашно
1 прстофат сол
120 мл млако млеко

ФИЛ 1

7 жолчки
7 лажици шеќер
5 лажици густин (скробно брашно)
750 мл млеко
250 г маргарин или путер

ФИЛ 2

2 кесички шлаг пена
250 мл млеко

Постапка:

Белките со прстофат сол изматете ги во цврст снег. Во снегот од белки постепено додавајте шеќер и брашно и убаво со лажица промешајте, внимавајќи да остане воздушеста смесата.

Потоа рамномерно распоредете ја во калап обложен со хартија и димензии приближни на 24х24 см. Печете ја кората во претходно загреана рерна на 170-180 степени околу 10 минути.

Печената кора уште додека е топла прелијте ја со топло млеко и оставете убаво да се впие и излади.

Од жолчките, шеќерот, гудтинот и млекото сварете крем. Кремот е многу нежен, па затоа гответе го на многу тивка температура или на пареа, внимавајќи да не ви загори.

Сварениот крем оставете го да излади. Потоа додадете путер исечен на ленти, па со миксер добро изматете за да се соединат и да добиете мазен крем.

Кремот нанесете го врз изладената кора. На крај изматете шлаг и премачкајте го одозгора колачот. Пред послужување колачот добро изладете го, најдобро е да се остави во фрижидер преку ноќ.