ЛАВА КОЛАЧ ЗА 7 МИНУТИ…Брз десерт кој е толку многу вкусен што се јаде за 7 секунди…
Лава колач за сите љубители на чоколадо. Колачот се пече само 6 до 7 минути и се јаде топол поради ефектот на течење чоколадо.
Се послужува со топка сладолед од ванила за уште подобар вкус. Поради тоа се нарекува и „топло-ладно“. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
220 г чоколадо со што поголем процент на какао
250 г маргарин или путер
4 јајца
160 г шеќер
120 г брашно
ПОСТАПКА:
Растопете ги маргаринот и чоколадото. За тоа време посебно изматете ги јајцата, шеќерот и брашното, па во смесата додајте го топлото растопено чоколадо со непрекинато матење со миксер.
Добиената смеса истурете ја во намастени калапи за мафини или хартиени корпички. Полнете ги повеќе од половина. Печете во загреана рерна на 250°C 7 минути или 6 минути.
Деталите за подготовка погледнете ги во видеото ОВДЕ: