Колачите „од кутија“ и кремите „од кесичка“ се спас за самците и оние кои се премногу зафатени или пак немаат големо искуство во кујна. Јас навистина немам време да приготвувам некои комплицирани колачи.

Вака набрзина добивам фин рецепт, целиот кремаст и вкусен… Можеби некој нема да се сложи со мене и ќе рече дека домашно си е домашно и дека домашното е најдобро, но според мене човек треба да биде и практичен.

Слаткарниците се секогаш се преполни, а сите знаеме дека колачите и тортите таму ги приготвуваат од готови прашкасти мешавини кои е потребно само да се изматат, како што е случај и со овој рецепт.

Мене на пример, никогаш не ми успеало да сварам крем за кремпита и да ми излезе онака фин, пенлив, пуфнаст…а сепак да биде цврст, а не млитав и во него да се чувствува брашното и оној гумен вкус на желатинот.

Пробав милион рецепти и ниеден не ми излезе како то треба, додека не бев на гости кај една пријателка која специјално за мене ми приготви кремпита. Колачот беше врв, чиста десетка!

И кога ја прашав за рецепт, таа ми рече „Имаш сè што ти треба во продавница, само кората од лиснатото тесто морав да го испечам, а останатото не се пече и не се вари“, па можете да замислите, на мојата радост и немаше крај – Мариана, пишува НМД.мк

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г смрзнато лиснато тесто.
За крем:
1 крем за КРЕМПИТИ/крешнити (Долчела или друг производител) и
500 мл вода.
За шлаг:
600 мл слатка павлака и
2 шлагфикс.
За глазура:
200 г чоколадо и
30 г путер

ПОСТАПКА:

Лиснатото тесто одмрзнете го и развлечете го на малку набрашнета работна површина според величината на плехот во кој ќе се пече, а во овој случај тоа се димензиите 20х30 см.

Развлеченото тесто префрлете го во плехот и печете го 15-20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Печената кора извадете ја од рерна и оставете ја да се олади 20-30 минути.

За крем: во подлабок сад ставете половина литар ладна вода, па во неа истурете ја содржината од кесичката „крем за кремпита/кремшнит). Со електричната маталка/миксер прво матете со помала брзина за да се натопи правот без да се разлетува, а потоа вклучете и на побрза брзина.

На средна брзина матете околу 5 минути или повеќе (прилагодете според вашиот миксер). Кремот веднаш излејте го врз печената и изладена кора, па израмнете ја површината.

За шлаг: во висок сад излејте ја ладната слатка павлака (претходно треба да биде во фрижидер), па матете со електрична маталка (миксер) околу половина минута додека да се добие кремаста структира.

Додајте ја содржината од кесичката „Шлаг фикс“, па продолжете да матите со миксерот со најсилна брзина додека смесата да стане убаво цврста како шлаг. Шлагот рамномерно нанесете го преку кремот и израмнете ја површината.

За глазура: чоколадото растопете го во загреан путер, малку подизладете (да не е премногу врела, а сепак да биде сјајна и течна), па вака приготвената глазура прелијте ја преку колачот.

Ставете во фрижидер на ладење околу еден-два часа, па потоа сечете ги коцките и послужете. Колачот извадете го 15-тина минути пред сечењето, за да омекне глазурата и полесно да се сече. / Сооlinarika.сom