Кралскиот босилек помага кај кашлица и настинки, а пробајте го и лековитиот чај

Билката босилек честопати со својот изглед наликува на листот од пеперминт, со кој е во сродство. Неговите листови со силен мирис најчесто се користат како додаток на разни јадења. Но, босилекот крие и лековити моќи. Во продолжение прочитајте за овој кралевски зачин.

Египќаните го нуделе босилекот на своите богови, па го користеле и за балсамирање. Се користи и во Ајурведата за проблеми со дишните патишта како што се бронхитис, кашлица и настинки, како и за дигестивни проблеми.
Ви Италија босилекот е симбол на љубовта, па Италијанките го носеле за да привлечат додворувачи.

БОСИЛЕКОТ ВО НАРОДНАТА МЕДИЦИНА
Во народната медицина се користи против кашлица, бубрежни болести, главоболка и депресивно расположение, а чајот од оваа билка се користи и против менструални тегоби.

Сокот добиен со цедење на свежи листови босилек се користи против настинки и воспаление на ушното тапанче, а чајот од босилек е окрепнувачки и лековит напиток.
Листовите од оваа билка можете да ги сврстите во бањи што ќе ја омекнат вашата кожа.

Делотворен е и кај болести на мокрачните патишта, делува како средство за смирување, помага при инсомника и ја ублажува нервозата, поттикнува апетит кај слаби луѓе, а младите мајки доилки, секако би требало да го пијат чајот од босилек, бидејќи поттикнува создавање на млеко.

ЧАЈ ОД БОСИЛЕК
Чајот од босилек се приготвува така што листовите од сув босилек се прелеваат со врела вода и се оставаат поклопено 10 минути. Може да се пие секој, но после секои 8 дена треба да се направи пауза од 14 дена. Кај воспаление на непцето и воспление на слузокожата од устата, пожелно е да се испира устата со чај од босилек.

Босилекот делува и на емоциите, така што луѓето ги прави поведри и порасположени. Посадете си свој босилек и уживајте во неговиот мирис и во сите благодети што ги носи оваа магична билка.

Професорот д-р Драгослав Ѓорѓевиќ, редовен професор на Медицинскиот факултет во Ниш, сега во пензија, специјалист за белодробни, алергиски и имунолошки болести, препорачува билки кои ќе ви помогнат да решите голем број проблеми.

Докторот објаснува дека зелените билки се клучна состојка во исхраната на човекот, а најдобро време за нивно берење е пред да се создаде семето. Имено, кога билката ќе процвета, хранливите материи се концентрираат кон нејзиното семе и во листот останува многу малку.

Д-р Ѓорѓевиќ смета дека босилекот е крал меѓу билките и дека би требало да го користиме во секојдневната исхрана на различни начини – како зачин во јадењата, како салата или чај, бидејќи содржи антибактериски и антибиотски својства, силен е антиоксидант, содржи фолна киселина, есенцијални масла и танани, како и речиси сите витамини, а главни хемиски состојки се муестрагол илинанолол.

Со оглед на тоа што содржи витамин Ц, еугенол и камфен, докажано е дека босилекот ефикасно делува кај лекувањето на бели дробови, како што се настинка и туберколоза.

-Поради антибактериските својства, босилекот е извонреден за лекување на синуси, како и различни воспаленија, настинки и температури, грип, астма и бронхитис, ублажува стомачни тегоби, подобрува варење и го подобрува апетитот.

За лекување на различни заболувања на респираторните органи, исклучително е добра мешавината од листови на босилек со ѓумбир и мед, бидејќи ги ослободува дишните патишта кои се блокирани од вишок слуз – вели д-р Ѓорѓевиќ и додава дека ќе се ублажи иритацијата од кашлицата, пецкањето и гребењето во грлото ако во чајот се сварат и неколку ливчиња босилек.

За лекување на воспалено грло треба да се потопи босилек во топла вода, да се остави да отстои еден час, да се процеди и со таа вода да се прави гаргара.
Со џвакање на листови од босилек се лекуваат инфекции во усната шуплина, крвавење на непцата и се отстранува лошиот здив од устата.
Консумирањето на босилекот, исто така, го намалува нивото на холестеролот во крвта, а истовремено го намалува и ризикот од срцев удар и кардиоваскуларни заболувања.

Ги јакне бубрезите и ја подобрува нивната работа, а за исфрлање на бубрежно камче треба подолг период да се консумира босилек и мед.
Бидејќи босилекот е богат со витамин А, многу е погоден за одржување на здравјето на очите, бидејќи ја зголемува нивната отпорност на различни болести. Заморот на очите може брзо да се ублажи со накапување на неколку капки чај од босилек.

Тинктурата за дезинфекција на рани, како облога против различни осипи на кожа или убоди од инсекти, се приготвува така што дваесет грама ситно сечкан босилек се прелива со сто милилитри алкохол, се остава да отстои две седмици, се процедува и се чува во добро затворено стаклено шише.

Босилекот навистина е крал на лековитите билки, а тегавецот е кралица – вели д-р Ѓорѓевиќ, бидејќи лекува бројни заболувања на внатрешните органи, како и инфекции и повреди на кожата.

ТЕМПЕРАТУРА И НАСТИНКИ
При високи температури се пие чај од босилек подготвен од листовите. Една лажица сув босилек се прелива со 250 мл врела вода, да отстои 10 минути па се процедува.
Се пие засладен со половина лажичка мед, трипати дневно.

КАШЛИЦА И БОЛЕСТИ НА РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ
Редовно се џвакаат свежи листови од босилек.
Потребни состојк:
1 лажица босилек
250 мл зовриена вода
1 лажица рендан ѓумбир
1 лажица мед
1 прстофат сол
5 каранфилчиња
Постапка:
Се подготвува следниот напиток: се подготвува чај од босилек (се попарува билката, се остава поклопено 15 минути и се процедува).
Во овој чај се додава една лажица рендан свеж ѓумбир, една лажица мед, 5 каранфилчиња и прстофат сол. Се пие неколку пати во денот, во голтки.

КАМЕН ВО БУБРЕГ
Во една стаклена тегла се реди грст босилек, грубо изгмечен или изблендиран, се полива со мед, повторно босилек и сè така додека да се исполни теглата.
Се облепува теглата со алуминиумска фолија и се чува во фрижидер. Се консумира откако ќе отстои барем 24 часа.
Сокот од босилек (лист) и мед, се зема редовно, трипати дневно пред оброк, во текот на 6 месеци.

ПАСТА ЗА ЗАБИ
Од исушен лист од босилек, иситнет во прав и помешан со масло се добива паста за заби со која се лекуваат воспалителните процеси во устата.
Истата паста може да се користи и при убоди од инсекти.

Loading...