Без варење, макарони од рерна – брз и вкусен ручек или вечера

Рецепт и видео презентација на Гала Храна (Gala Food) – Маракони од рерна без варење.

Кога немате време во кујна да сечкате и со часови да стоите врз јадењето, овој рецепт секогаш можете да го употребите за да приготвите брзо и вкусно јадење.

Потребни состојки:

3 јајца
25 мл масло
1 лажичка сол
1 литар минерална вода
200 г ситно сирење (тврдо бело)
350 г макарони

Постапка:

Во подлабок сад изматете 3 јајца во маталка, па додадете еден мал филџан за кафе масло, посолете со лажичка сол и додадете 1 литар газирана/минерална вода.

Промешајте з ада се изедначат состојките, па додадете 200 г издробено сирење. Промешајте со маталката и изедначете ја смесата.

Макароните истурете ги во плех со димензии 22х32 см и рамномерно распоредете ги. Прелијте ги со претходно приготвената смеса. Покријте ги со фолија и ставете ги во загреана рерна на 220 степени и печете ги околу 40 минути.

Запечените макарони наросете ги одозгора со 50 г рендан кашкавал и вратете во рерната да се запечат уште 15 минути без фолија. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаКралскиот босилек помага кај кашлица и настинки, а пробајте го и лековитиот чај
Следна статијаКремозен колач со јаболка и суво грозје – сè се прави за 5 минути, а потоа се пече и ужива…