Компот за зима без конзерванси од само 2 состојки, многу е вкусно, го јадеме уште првиот месец

Рецепт на Бојана од Бокина Кујна. Компот за зима, без конзерванси од само 2 состојки. Се прави во голема количина бидејќи е многу вкусно. Јас секогаш правам во големи тегли, а кога ќе дојде зимата се се јаде во првиот месец.




Најчесто компотот го правам од праски, кајсии и јаболка. Некогаш посебно, а некогаш го мешам овошјето. Изборот на овошјето останува на вас, но оваа комбинација е толку многу освежителна и вкусна.




Кајсиите и праските ги ставам во поголема количина, а помалку јаболка. Користам добро измиени и стерилизирани тегли со соодветен капак за затворање. Овошјето измијте го и семките извадете ги.




Секогаш користете созреано овошје, но не презреано. Оште-тените делови на овошјето, пресечете ги со н ож, но одбегнувајте ги ваквите плодови колку што можете повеќе. Овој компот е без конзерванси и е соодветен за дечињата да го јадат во текот на зимата.




Овошјето можете да го сечете на помали коцки или на половина, како што правев јас, а потоа да го редите во тегла. Теглите наполнете ги до самиот врв со овошје, но не го притискајте овошјето во теглите бидејќи сепак треба да има воздух во него и простор за испуштање на соковите при пастеризирање.




Теглите полнете ги по избор, некаде ставете само праски, некаде кајсии, а во некоја тегла и мешано праски и кајсии со јаболка. Изборот на комбинации е голем, а креативноста останува на вас.




Откога ќе ги наполните теглите со овошје, потребно е во секоја тегла да ставите 3 супени лажици шеќер, а потоа прелијте до врвот со флаширана ладна вода. Херметички затворете ги теглите. Капакот не смее да биде оште-тен, корозивен, туку напротив треба да биде чист и стерилен.




Во подлабоко тенџере ставете една чиста памучна крпа на дното и по страните, а потоа редете ги теглите во тенџерето, колку што ви собира – толку. Бидете претпазливи, теглите да не се допираат меѓусебе за време на процесот на пастеризација бидејќи можат да се распукаат.




Оставете по малку простор помеѓу секоја од теглите. Јас користам две тенџериња бидејќи не ми ги собира теглите во едно. Потоа, важно е да го наполните тенџерето со ладна вода до самиот врв, односно да не се прелива капакот од теглите.




Ставете да се готви на ниска температура, малку повеќе време одзема овој процес, но на овој начин овошјето дополнително се готви и го испушта својот сок. Од моментот на вриење, се остава да се вари уште 20 – 30 минути.




Потоа теглите се оставаат да отстојат во истата вода до следниот ден за добро да изладат, а потоа се складира на темно и суво место. Овој компот има рок на траење 3 – 4 години ама верувајте се јадат уште првата зима. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ. Компот од сливи. Компотот од сливи почнав да го правам повеќе како лек отколку како десерт, зошто секогаш кога имам проблем со цревата, ќе си отворам една тегла и проблемот е решен.

Потребни состојки: сливи, вода 250 мл по тегла, шеќер 5 лажици по тегла. Постапка: Сливите кои треба да бидат цврсти, измијте ги и избоцкајте ги со стерилизирана и гла на 5 – 6 места за да не испукаат додека се пастеризираат.

Наредете ги сливите во чисти тегли. На една тегла од 700 мл се става 250 мл вода и 5 лажици шеќер. Во зависност од бројот на теглите, пресметајте колку вода и шеќер ќе ви биде потребно.

Сварете го сирупот, па малку изладете го. Полнете ги теглите со сирупот и веднаш затворајте ги. Во големо тенџере ставете на дното крпа, па наредете ги теглите (не треба да се допираат). Прелијте со вода, ¾ во висина на теглите и варете ги околу 15 минути.

Топлите тегли завиткајте ги во ќебе и оставете ги да изладат 12 часа. Потоа се готови. Постапката е идентична како со првиот рецепт, освен процесот на отстојување.

Фото: Јутјуб Принтскрин
Фото: Јутјуб Принтскрин
Loading...
Претходна статијаЖена откри како стаклото од рерната секогаш да блеска: Пробајте го овој трик и вашето стакло од рерна ќе сјае како ново
Следна статијаМевлем за речиси сите кожни заболувања со прополис, помага при paни, изгopeници, псоријаза и yбoди