Инструкции како да си ја олесните работата при чистење на рерната. Многупати порано сме пишувале на оваа тема, но се чини дека од корисни совети токму за оваа проблематика, никогаш не се доста.




Токму рерната е еден од најпроблематичните делови во кујната кои најтешко се чистат, па затоа многумина го одложуваат чистењето со што дамките стануваат тврдокорни и проблемот се зголемува.




Загорените остатоци од храна, насобраната маснотија и нечистотијата се задржуваат во внатрешноста на рерната и на стаклената врата, особено на процепите и сите вдлабнатини кои се прилично недостапни за чистење.




Сопственичката на агенцијата за чистење, Кети Бурки открива два едноставни, брзи и природни начини за чистење на стаклената врата од рерната.

Таа вели дека прво треба да се извади вратата од рерната затоа што на тој начин ќе имате подобар пристап до внатрешноста на рерната, која честопати е полна со трошки, парчиња храна, но и прашина која се таложи на некои места.




„Потоа, со цревото на правосмукалката, преминете ја внатрешноста на рерната, по можност со додаток за помали отвори, кој може да навлезе во навистина малите и тесни простори од рерната, каде тешко моеме со рака да ги достигнеме“, советува Бурки.




После тоа следи чистење на маснотиите од стаклената врата. Најдоброто средство за чистење на вратите е мешавина од две состојки што веќе ги имате во кујната: сода бикарбона и оцет.




Ако има маснотии и нечистотија на стаклото, посипете малку сода бикарбона директно на зафатената површина. Потоа, испрскајте со претходно подготвена мешавина од сода бикарбона и оцет врз целата површина. Оставете некое време да отстои за да омекнат тврдокорните нечистории, но не и предолго, за да не се исуши средството.




После тоа, со сунѓер намачкајте ја добиената паста на стаклото и уште малку оставете да делува, па избришете ја со влажен сунѓер, со цел да се отстрани сè. Доколку е потребно, протријте ја површината со грубата страна на сунѓерот, но внимавајте да не користите абразивни сунѓери и премногу силни средства за да не го оштетите стаклото.




„На крајот од чистењето, испрскајте со средство за чистење стакла, за да и дадете сјај на површината, а потоа склопете ја повторно вратата од стакло“, објасни таа.

Понекогаш вадењето стаклени врати од рерната не е опција (особено кај постарите модели), но дури и тогаш постои ефикасен начин за нивно чистење, пренесува Real Simple, пишува НМД.мк




На ист начин како и во првиот случај, пастата за чистење направена од сода бикарбона и оцет или сода и вода, како повеќе ви одговара, можат многу да помогнат.

Потоа добиената паста нанесете ја врз стаклото со помош на сунѓер, крпа или дури и со рацете (задолжително носете ракавици секојпат кога чистите) и оставете ја да отстои 15 до 20 минути, во зависност од тоа колку е валкана вратата.




Доколку е потребно, можете да ја оставите пастата да дејствува подолго бидејќи е сосема природна и нема да го оштети стаклото. Имајте на ум дека смесата ќе потемни затоа што апсорбира нечистотија и маснотии. Доколку е потребно подолго време да „кисне“, повремено прскајте ја површината со топла вода за да се одржува влажноста и да не се дозволи исушување на пастата.