Ми се допадна овој рецепт и го испробав. Смесата што ја добив не ја искористив одеднаш, па дел сочував во фрижидер. Можам да кажам дека колку подолго стои во фрижидер, толку тестото станува помеко и воздушесто. Имам 53 години, но сакам да испробувам нови и вкусни рецепти, па овој си го запишав во тефтерот – „Компир на руски начин“. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г компир (4 парчиња со средна величина), 200 мл јогурт/кефир, 1 јајце, 1 китка млад кромид, 1/2 лажичка сол, 1 супена лажица шеќер, 1 мала лажичка сув квасец (1/2 кесичка), 400-450 г брашно (по потреба). Од оваа количина излегуваат 20 парчиња со големина на компир




ПОСТАПКА: Компирите измијте ги добро под млаз ладна вода, излупете ги, па уште еднаш измијте ги. Прелијте ги со вода и ставете ги да се сварат додека да омекнат. Во меѓувреме ситно исечкајте една китка перца од млад кромид/лук/магдонос/власец или зеленило по ваш избор.




Во подлабок сад ставете го јогуртот (одберете некој погуст, како кефирот), па додајте ги сварените и изладени компири. Со помош на рачен миксер изблендирајте ги додека да добиете компактна, изедначена густа смеса.




Во смесата додајте едно јајце на собна температура, ситно исечканото зеленило, сол, шеќер и квасец, па добро промешајте со жица маталка додека да се изедначат и растопат сите состојки.




Потоа започнете постепено да го додавате брашното (најдобро е да не се додава одеднаш, туку на неколку наврати за да се оцени колку точно ќе биде потребно). Замесете го со рака. Треба да добиете меко тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот.




Покријте го тестото со проѕирна-стреч фолија и оставете го на топло место да стасува околу еден час. Потоа истресете го на набрашнета површина и поделете го на 20 парчиња. Формирајте топчиња.




Секое топче малку сплескајте го прстите како плескавица (користете лесно набрашнета површина и набрашнети прсти зошто тестото е меко). Покријте ги со кеса или фолија и оставете ги да стасаат околу 20-тина минути.




Во широко тенџере загрејте масло (2 см) на умерена температура, па потоа спуштајте ги исто како крофните и пржете ги по неколку минути додека убаво да заруменат. Вадете ги со решеткаста лажица врз чинија со хартиена салветка. Многу се меки и вкусни, подеднакво топли и ладни. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.