Цените на сè и сешто одамна почнаа секојдневно да се покачуваат, а од друга страна агенциите кои се занимаваат со одржување на хигиена и чистење на домаќинствата не можат да стасаат од преголема побарувачка. На социјалните мрежи се разви полемика околу тоа колку многу заработуваат ваквите агенции и жените кои работат како „домашни помошнички“.




Имено, една ваква полемика беше забележана на Твитер, а започна после констатацијата дека шест евра по час е многу, односно дека 48 евра дневно х 22 работни денови се всушност месечна плата од околу 1000 евра.

Ова тврдење беше поткрепено со тоа што некои занимања, на пример – луѓето кои работат во просвета, се значително помалку платени.




Некои твитерџии го искоментираа она со кое и најмногу се согласуваме, а тоа е дека чистењето куќа не е преценето, туку другите професии како што е во просветата – потценети.

Сепак, овде полемиката не се запре, па на површина исплива и прашањето дали една жена која ви чисти кучата заслужува да има плата на еден доктор или универзитетски професор.




На ова се наметна заклучок дека не треба да се исчудуваме на шесте евра по час за чистење, туку што докторот има толку ниска плата. Различните професии не е лесно да се компарираат и вреднуваат, бидејќи секој труд заслужува адекватна накнада. А домашните помошнички освен што напорно работат, се инагледуваат на сè и сешто.




За тоа неодамна говореше Јасна од Белград која чисти станови. Како што таа изјави за порталот „Zadovoljna“, колку клиентите се побогати, толку се понеуредни, а домовите повалкани, пишува НМД.

„Колку се поимотни, колку се на повисоки положби, тие се толку понеуредни. Можеби тоа е така поради недостиг на време – колку се поуспешни на работното место, веројатно имаш помалку време за другите, основни домашни работи“, наброја Јасна како меѓу нив се вбројуваат психијатри, адвокати, лекари…А во становите затекнувала сè и сешто:




„Храната е најголемиот проблем, насекаде ја расфрлаат. По креветите во спалните соби, насекаде низ кујната, во детските соби… Сè оставаат онака како што јас сум оставила последниот пат, па така наидувам на мувлосан леб стар една седмица. Ме пречекуваат и алиштата кои сум ги спрострила, таму каде што сум ги оставила, ништо не се пофаќа додека јас да се вратам“.




Вели дека сè е до некаде разбирливо, па затоа и постои професијата како што е нејзината, но истакнува дека некои работи се сепак прашање на лична хигиена.

„Бањата е посебен проблем. Тоа што ние доаѓаме за да средиме еднаш седмично или на две седмици, не значи дека макар и веце шолјата не треба да се исчисти на секои два дена“, раскажува Јасна.




Таа исто така, раскажа како денес жените се неспоредливо понеуредни, бидејќи сè живо, од брич, до влажни пешкири, оставаат зад себе. „Мажите некогаш се почисти и поуредни од жените, тие знаат и да замијат и да средат, а кај жените тоа поретко се случува“. Тоа не е сè. Голем проблем се и домашните миленици, односно сопствениците кои не се грижат доволно за нив и нивната хигиена:




„Ние не сме таму за чистиме секојдневно, е веројатно е јасно дека сопственикот треба и мора сам да си исчисти зад своето куче или маче, да го четка по потреба а не влакната да се разлетуваат низ цела куќа, дека треба да го фрла изметот, дека тој мора да го менува песокот, бидејќи за ден-два многу лошо замирисува, а не да биде расфрлано насекаде и да се фрла еднаш седмично кога ние ќе дојдеме“, објасни Јасна.