Колку и да направите, сите ќе се изедат веднаш штом ги извадите од рерна…Рецепт за лесни и вкусни банички…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
За тесто:
1 чаша топла вода
1 чаша топло млеко
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 лажичка сув квасец
1 лажица масло
4.5 чаши брашно или по потреба, со постепено додавање
За маснотија:
50 г путер
1/2 чајна чаша масло (50 мл)
За фил по желба:
урда и сечкан свеж магдонос
За премачкување одозгора:
жолчка и 1 лажичка масло или млеко
ПОСТАПКА:
Од наведените состојки замесете меко, малку лепливо тесто. На крај сипете го маслото и домесете го за да престане да се лепи и да се измазни. Без стасување веднаш поделете го на 6 топчиња.
Топчињата развлечете ги со раце низ прсти како лепињи и натопете ги во маснотијата и оставете ги покриени да одморат 20-тина минути. Потоа секоја спуштете ја на рамна површина и постепено со дланките отворете ја во тенка кора.
Преку цела површина посипете фил, на едната страна ставете долго сyкало и со негова помош и свиткајте ролат. Отстранете го сyкалото и ролатот свиткајте го како потковица. Повторете ја постапката со останатите теста.
Наредете ги во плех обложен со хартија, покријте ги со крпа да одморат 15 минути, па премачкјате ги со жолчка, по желба посипете ги со сусам и печете ги во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/JR8TNImjUPs?si=sdPXUdhF81zTEXsQ