Колачиња за МЛАДЕНЦИ, ама вие можете и било кој ден да си ги направите (посно)

Фото и рецепт: Даниела Китановиќ

Младенчици, рецепт за почетници

„Младенци“ е 22 март ден кој го празнуваат сите кои се венчале пред тој датум и секако после 22.03 од претходната година, а невестата треба да измеси вакви колачиња и тоа 40 парчиња. Тие се премачкуваат со мед за да им биде животот сладок, се прават посни, доаѓаат од семејството и пријатели со подароци…

Потребни состојки:

-Малку млака вода, 2 лажици шеќер, 25 г квасец и малку брашно за квасецот да се промеша и активира

200 мл газирана млака вода

70 мл масло

50 г или 5 лажици шеќер

1 лимон – сок и рендана кора

Малку цимет по желба

650 г брашно +-

1 лажичка сол

За премачкување мед и ореви

Постапка:

Издробете го квасецот со малку шеќер, вода и брашно.

Додадете 200 мл газирана вода, 5 лажици шеќер, 70 мл масло и цело време  матете со жица за матење. Додадете рендана кора и сок од еден лимон и едно мало лажиче цимет во прав.

Во оваа течна смеса постепено додавајте 650 г брашно и едно лажиче сол. Тестото треба да биде средно меко. И да се двои од ѕидовите на садот. Потоа префрлете го на работна набрашнета површина и убаво измесете го. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го ан топло да одмори и да надојде.

Потоа премесете го на набрашнета работна површина и развлечете го во кора.

Со чаша вадете тркалца и редете ги во плех обложен со хартија. Оставете ги 20 минути и избоцкајте ги (со гранче од рузмарин). Печете ги во зависност од рерната околу 20 минути на 200 степени и уште 20 минути на 150 степени.

Печените колачи покријте ги со кеса и крпа за да омекнат. Додека се се’ уште топли мачкајте ги одозгора со мед и валкајте ги во мелени ореви.

Претходна статијаРак на бели дробови излекувал со лек за кој случајно дознал од медиуми: секогаш се надевав на оздравување, Бог ми ги услиши молитвите
Следна статијаОва е најбрзиот согорувач на масти, ќе ги стопи стомачните масти за 10 дена