КОЛАЧ ЗА ДИЕТАЛЦИ: За 5 минути направете евтин и вкусен колач без шеќер! Може секој ден да го правите…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша (од 250 мл) мелени овесни снегулки
2 јаболка
100 мл вода
1 банана
2 јајца
80 г брусница или овошје по желба
1 лажичка прашок за печиво
1/4 лажичка цимет во прав

ПОСТАПКА:

Овесните снегулки сомелете ги во блендер. Јаболката изблендирајте ги со половина чаша вода, па сипете ги овесното брашно и помешајте.

Додајте испасирана една банана, две јајца, прашок за печиво и цимет. Добро изедначете.

На крај додајте ги бобинките и промешајте.

Смесата сипете ја во калап за леб или ролат (долгнавест, тесен и длабок), претходно добро намастен со путер.

Протресете го калапот за да се израмни смесата, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

Колачот кога малку ќе се подизлади извадете го од калапот и оставете да целосно да се олади на решетка. На здравје сладење! Постапката погледнете ја ОВДЕ.