Колач со суво овошје – готов за 15 минути!

Кога ќе ви се пијаде нешто слатко и вкусно, а сепак сакате тоа да биде домашно, овој рецепт за брз колач со суво овошје, е вистинскиот за вас. Се приготвува многу брзо и едноставно, а потоа само го ставате во рерна да се испече.

Потребни состојки:

250 г брашно
250 г шеќер
180 мл јогурт
100 мл масло
1 лажичка прашок за печиво
1 прстофат сол
100 г чоколадо за готвење
2 лажици какао
рендана кора од портокал
неколку капки екстракт од ванила
200 г сечкано суво овошје: брусница, ореви, грозје, сливи, кајсии, смокви

за преливање на колачот:

100 г темно чоколадо
1 лажица масло

Постапка:

Loading...

1.Сувото овошје ситно исечакјте го. Маслото и чоколадото растопете ги на пареа, па оставете малку да излади. Додадете шеќер, ванила, кора од портокал и јогурт на собна температура, па убаво промешајте.

2.Брашното измешајте го со сол, прашок за печиво, какао и суво овошје. Промешајте да се изедначи па соединете со претходната смеса. Мешајте со шпатула или лажица додека да се изедначи смесата.

3.Излејте ја во калап 30х10 см обложен со алу-фолија или хартија за печење, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути. Проверете со чепкалка: забодете ја во средина од колачот, ако излезе сува чепкалката, тогаш колачот е печен.

4.печениот колач извадете го од калапот, оставете го на ладно добро да се излади, па прелијте го со чоколадна глазура (чоколадо и малку масло растопете ги на пареа), па украсете со малку суво овошје.

Coolinarika.com

Loading...