КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА ЗА 10 МИНУТИ…Изрендај, измешај и испечи…Се топи во уста…Многу лесен и едноставен десерт за со кафе…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
3 јајца
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
100 мл млеко
200 г брашно
1 прашок за печиво
За фил:
800 г рендани јаболка
1 лажица шеќер
1 лажичка цимет
ПОСТАПКА:
Во ренданите јаболка сипете шеќер и цимет и распоредете ги рамномерно на дното од големиот плех, обложен со хартија. Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот и ванилата додека да згуснат, па сипете млеко и брашно помешано со прашок за печиво.
Добро изматете и смесата сипете ја врз јаболката. Печете 10 минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот бисквит додека е топол превртете го со помош на друг плех (или парче хартија) и отстранете ја хартијата врз која се печење.
Преклопете го на неколку пати како да виткате ролат, па ќе добиете слоевит колач. Ако сакате да не ви пука, превртете го врз хартија, па со нејзина помош свиткајте убав ролат. Одозгора посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ: