КОЛАЧОТ 777 – ЛЕДЕНО НЕБО или колачот 7+7+7 е толку вкусен и нежен, што мора да го пробате. Вака е наречен затоа што „сè оди по 7“, односно мерката за речиси сите состојки е седум. Постапката за приготвување е многу лесна, а потребните состојки сите ги имате дома.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 белки, 7 лажици шеќер, 7 лажици остро брашно, 3 лажици млака вода. За прелив: 100 мл млеко + малку рум. За крем: 7 жолчки, 7 лажици шеќер, 6 лажици остро брашно, 1 лажица густин, 800 мл млеко, 250 г маргарин / путер, 1 шлаг пена и 50 г чоколадо




ПОСТАПКА (за приготување на бисквитот): изматете ги белките со постепено додавање на шеќер додека тој да се растопи и да добиете цврст снег. Потоа додајте го брашното и мешајте внимателно за да се сочува воздушноста, а на крај додајте па вода.




Мешајте полека да нема грутчиња. Смесата излејте ја во намастена тепсија или калап (35х23 см), распоредете ја рамномерно, малку протресете за да се израмни, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 степени додека да зарумени, околу 25 минути.




Не треба долго да се пече, па извадете ја кората штом ќе ја промени бојата, во спротивно ќе се пресуши. Оставете да се олади, па густо избоцкајте ја со чепкалка и прелијте ја со 100 мл млеко и малку рум. За поубаво да впие, може млекото малку да се загрее.




ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: Добро изматете ги жолчките заедно со брашното, шеќерот, густинот и 100 мл млеко. Изедначената смеса без грутчиња постепено додајте ја во 700 мл врело млеко и варете како за пудинг околу 5 минути со постојано мешање, па тргнете на страна и оставете да излади.




За да не фати коричка додека се лади, повремено промешувајте го или пак покријте го со проѕирна фолија. Кога кремот ќе олади, во него додајте пенасто изматен путер и убаво промешајте за да се изедначи. Готовиот крем нанесете го врз кората. Потоа одозгора нанесете шлаг и наросете ситно сечкано или рендано чоколадо. / Сoolinarika.com