НАЈВКУСНОТО ПИЦА-ЛЕПЧЕ КОЕ НЕ СЕ МЕСИ: 4 состојки од кои главната е мајонезот, децата многу ми го сакаат

Ова ароматично лепче е идеален погодок за сите прилики. Вкусно, брзо и крцкаво-нема грешка. Особено е погодно за децата кога им се јаде нешто покалорично, а сепак да биде домашно и вкусно. Еве што ќе ви биде потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 2 јајца, 4 големи лажици кисела павлака/крем сирење, 4 големи лажици мајонез, 9 големи лажици брашно. ЗА ФИЛОТ: 2 виршли/колбаси, 1 домат, 1 кисела краставичка, 80 г кашкавал, магдонос, 3 големи лажици качап или доматен сос.




ПОСТАПКА: За да го подготвите едноставното тесто, во сад скршете ги јајцата и измешајте ги со павлаката. Додајте го мајонезот и на крајот брашното. Соединете со жица/маталка додека целосно да се инкорпорираат состојките.




Не е потребно да додавате сол или колбаси, бидејќи мајонезот е доволно солен. Тестото нема да биде со класична конзистентност како за пица, туку ќе биде лелеаво и помалку лепливо (може да додадете уште 1-2 лажици брашно).




Оставете го садот со тесто настрана, а за тоа време исечкајте ги виршлите/колбасите на кругови, доматот на тенки листови и краставичките на ситни кругови. Потоа изрендајте го кашкавалот на најкрупната страна од рендето. Земете 1 китка магдонос и исечкајте ја ситно.




Во нелепливо тавче на ниска температура ставете 1 лажица масло и почекајте минимално да се загрее. Потоа излејте го тестото и рамномерно распоредете го со шпатула и оставете да се готви на ниска температура.




Врз тестото со лажица премачкајте 3 лажици доматен сос или кечап, па наредете ги круговите од месните виршли. Може да користите и некое друго сувомеснато по ваш избор. Наредете ги краставичките, доматите, и на крај распоредете го ренданиот кашкавал.




Покријте ја тавата со капак и гответе уште 5 минути. Потоа наросете со магдоносот, повторно покријте со капакот и гответе уште малку време додека кашкавалот целосно да се растопи (ќе ви бидат потребни уште најмногу 5 минути за тоа).




Извадете ја пицата од тавчето и пресечете ја на посакуваните парчиња. Тестото има одличен вкус, а олеснително е тоа што не треба да се чека да стасува или да се потребни многу состојки за да се направи. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаКОЛАЧ 777: Кремаст колач кој освојува на прв залак
Следна статијаКРАЛИЦА НА СЕКОЈА ТРПЕЗА: препознатлива е по вкусот на туната, мајонезот и јајцата