КИКИРИКИ БАЈАДЕРА: Се прави за брзо, од смесата излегуваат многу колачиња

Ова се уште едни ситни колачи кои се омилени и секогаш ги правиме за сите видови прослави и празници. Бајадерата многу брзо се прави и може да се приготви во посна или млечна верзија, во зависност од видот на чоколадото што ќе го користите.




Постојат многу рецепти за бајадера со кикирики и сите се подеднакво убави. Разликата помеѓу првиот и вториот рецепт подолу е тоа што во вториот рецепт се ставаат двојно повеќе кикирики, па кој ги сака, нека се послужи со тој рецепт.




ПOTРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 180 мл вода, 180 г шеќер, 75 г путер/маргарин, 200 г кикирики, 250 г мелени бисквити, 80 г црно чоколадо, 100 г бело чоколадо. ЗА ГЛАЗУРА: 120 г црно чоколадо, 2 лажици масло.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 300 г шеќер, 200 мл вода, 125 г маргарин, 100 г чоколадо, 100 г мелен бисквит, 400 г мелени кикирики. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо, 3 лажици масло.




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Изрендајте го црното чоколадо или искршете го на коцки, па додајте вода и шеќер и загревајте додека да се растопи. Кога ќе зоврие додајте го и путерот, па промешајте и тој да се растопи. Тргнете од оган и додајте ги кикириките и 200 г мелени кекси.




Соединете ја смесата и поделете ја на два еднакви делови. Во едниот дел ставете рендано чоколадо, а во другиот преостанатите 50 г мелени кекси и соединете. Во плех или калап ставете хартија за печење и излејте ја целата светла смеса и израмнете (можете да си помогнете со дното од чаша како на видеото подолу).




Растопете го белото чоколадо на пареа или во микробранова печка, па со него премачкајте го првиот слој. Веднаш ставете го во замрзнувач да се стегне 5-10 минути. Извадете го колачот од замрзнувач, па одозгора рамномерно нанесете го чоколадниот дел, па и него израмнете го (повторно со чаша).




Глазурата веднаш се прави: измешајте чоколадо и масло и ставете во микробранова печка или растопете го на пареа или на многу тивок оган. Прелијте преку бајадерата и наросете со кикирики. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Еве ја постапката и од вториот рецепт кој можеби повеќе ќе ви се допадне:




ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Шеќерот измешајте го со вода на кратко, додајте маргарин и чоколадо и замесете додека се убаво да се соедини. Се трга од оган и се додаваат мелените бисквити и мелените кикирики (купете сирови и печете ги во рерна).




Сè убаво измешајте и потоа префрлете во мал плех обложен со фолија. Кога ќе се олади, ставете го во фрижидер да се стегне, па прелијте го со чоколадо растопено со 3 лажици масло. По желба наросете со сечкани кикирики во глазурата. / Coolinarka.com

Коментар на читателка: Ја направив оваа бајадера минатата година за Свети Никола и морам да кажам дека гостите навистина го пофалија рецептот, дефинитивно ќе се најде на мојата празнична трпеза и оваа година.

Претходна статијаСТРУМИЧКИ ЛАНГИДИ: Рецептот се пренесувал од генерација на генерација дека е совршен
Следна статијаКРЕМАСТА ЧОРБА СО ГРАШОК И ОРИЗ: Сите го сакаат овој рецепт, особено децата, готов за 20 минути