КРЕМАСТА ЧОРБА СО ГРАШОК И ОРИЗ: Сите го сакаат овој рецепт, особено децата, готов за 20 минути

Ивана од каналот од „Шерпица рецепти“ го сподели најбрзиот рецепт за чорбичка со грашок од кој излегува многу вкусно и кремасто јадење, па и самата таа вели дека дури и дечињата го обожаваат. „Брз и вкусен ручек, грашокот е во комбинација со павлака за готвење. Дечињата многу го сакаат.“




Коментар на Анита: „Одличен рецепт. Моите домашни исто така го сакаат во комбинација со ориз.“ Коментар на Тања: „Ивана, грашокот е превкусен… Баш ќе го пробам на овој начин.“ Коментар на Мира: „Драга Ивана, често правам грашок само не со ориз, но ова многу ми се допадна и ќе го пробам следниот пат.“




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/2 кг грашок, 1 шолја бел ориз (250 г), 3 чешниња лук, 2 листови од ловор, 30 мл масло, 200 мл неутрална павлака, малку сув копар, сол, црн пипер, магдонос или целер и вода по потреба.




ПОСТАПКА: При готвење на овој грашок, сите состојки уште на почетокот се ставаат во едно поголемо тенџере. Се става грашокот, потоа се додава оризот кој претходно треба да биде измиен на 2 наврати и попарен со врела вода, па така се остава да отстои неколку минути.




Оризот се процедува од водата и се додава во тенџерето со грашокот. Се додава ловоровиот лист, па потоа чешнињата лук кои може да бидат ситно сечкани или притиснати низ преса. Се додава маслото и тенџерето се става на рингла и се промешува.




Се пропржува сосем накратко, па се додава водата која треба да се прелива преку грашокот. Имајте на ум дека грашокот ќе згусне, така да ова не е премногу вода. Тие што го сакаат потечен може да додадат уште малку вода, по потреба.




На овој начин грашокот се крчка 20-тина минути, па потоа се проверува дали е сварен. Повремено промешувајте ја течноста. Настрана исечкајте го магдоносот и додајте го заедно со неутралната павлака.




Зачинете ја манџата по вкус со сол и црн пипер. За овој ручек е потребно да ставате што помалку зачини, само оние основните. По изминатото време, кога водата ќе испари, се пробува дали грашокот е сварен и добро зачинет.




Може да ставите и лук во гранули доколку го сакате неговиот вкус. Ако грашокот го сакате посочен може да додадете повеќе вода или млеко за да биде посочно. Грашокот може да го послужите со некоја салата или со месо, кое може да биде претходно пропржено во грашокот или како гарнир, од страна.




Грашокот кој е зготвен на овој начин излегува многу кремаст и предизвика многу восхит кај поединци кои досега не го јаделе. Покрај тоа, олеснително е тоа што се прави за кратко време, а сепак на трпезата ќе имате домашно зготвено јадење. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаКИКИРИКИ БАЈАДЕРА: Се прави за брзо, од смесата излегуваат многу колачиња
Следна статијаДОВОЛНИ СЕ ДВЕ ЧАШИ НА ДЕН: Најсилната комбинација досега која ги прочистува артериите и ги штити бубрезите