Овен
Вашата упорност и дрскост ќе ја изморат личноста која ви се допаѓа. Младите дами ќе ги почувствуваат заводливите погледи на некој Лав или Водолија, а посилниот пол може да налета на горделив Близнак или Стрелец кого не го држи место.
Бик
Отсекогаш сте се труделе да бидете забележани од личноста која ви се допаѓа. Некоја припадничка на понежниот пол во знакот Рак ќе биде импресионирана од вашиот заштитнички став, а Девицата ќе биде освоена од сигурноста која зрачи од вас. Ако сте дама, тешко ќе му одолеете на некој упорен Јарец или на некоја еротична Риба.
Близнаци
Вашиот забавен и весел карактер ќе ви донесе некој шармантен припадник во знакот Вага или енигматична Водолија, ако тоа веќе не се случило. Кај посилниот пол изненадно ќе се појави огромна привлечност кон некоја претставничка на Лав или Овен.
Рак
Поради вашата романтична природа не можете да се заситите од нежности, а тоа го знае личноста која ви се допаѓа. Некоја сензуална Риба или Скорпија ќе успеат да го привлечат вашето внимание, особено ако сте припадничка на понежниот пол.
Машките Ракови треба да обрнат внимание на некој Бик или Девица кои веќе ги познаваат. Можеби во нив се крие вашата сродна душа.
Лав
Иако често паѓате на надворешниот лажен сјај, сепак секогаш успевате да препознаете искрени емоции. Особено кога тие потекнуваат од страсниот Овен или романтичната Вага. Ако сте припадник на посилниот пол, нема лесно да можете да одолеете на духовитоста на Близнакот или на опуштеноста на лежерниот Стрелец.
Девица
На вашата практична и перфекционистичка природа најмногу ѝ е потребно малку релаксација во друштвото на забавниот Бик, а може да ве освои и доминантниот Јарец. Машките претставници веројатно ќе ги привлече некоја Скорпија или Рак.
Вага
Вие важите за еден од најшармантните знаци. Тоа значи дека спротивниот пол нема да може да одолее на вашиот шарм. Некоја недостижна Водолија или некој духовит Близнак ќе успее да го привлече вашето внимание. Ако сте припадник на посилниот пол, со огромна леснотија ќе заинтригирате некоја припадничка на Стрелец или Лав.
Скорпија
Поради вашата харизма и таинственост вие никогаш не би можеле да останете незабележани. Може да имате среќа со некоја емоционална припадничка на знакот Рак или со еротична Риба. На дамите во знак Скорпија може да им се допадне некоја срамежлива Девица или воздржан Јарец.
Стрелец
Спонтаноста, веселоста и релаксираноста ќе ви донесат некој великодушен Лав или луда Водолија кои ретко можат да одолеат на вашиот неодолив шарм. Машките претставници ќе налетаат на некоја страсна припадничка на Овен или тактична Вага.
Јарец
Вашиот знак е воден од Сатурн кој после 28,5 години успеал да влезе во вашето астролошко поле на тајните и потсвеста. Тоа значи дека може да влетате во паралелна или тајна врска со Девица или Скорпија. Ако сте дама, никако нема да можете да одолеете на заводливите погледи на мистичната Риба или лежерниот Бик.
Водолија
Со секоја ваша постапка уживате да ги шокирате луѓето околу вас. Зошто љубовните врски би биле исклучок? Може да наидете на некоја Вага која ќе биде привлечена од вашиот неспокоен дух или од некој Близнак на кого нема да му сметаат постојаните промени на планот. Припадничките на знакот Водолија може да запознаат некој Стрелец или Овен.
Риби
Каде и да се појавите, вашата сензуалност и еротичност не можат да останат незабележани, особено ако сте припадничка на понежниот пол. Една таинствена Скорпија или упорен Рак можеби ќе успеат да ве освојат. Рибите од посилниот пол ќе успеат да ги освојат погледите на Јарецот или Бикот.