Испеченото месо на овој начин добива неодолива сочност, се топи во уста, но она што е најважно кај прасечкото печено месо, е неговата крцкава кожа. Таа под допир треба да потпукнува, да има надворешна кожа како чипс, а масниот cлој да е cтопен.




За да се испече добро едно големо месо, по правило, потребно е долго време, околу пет часа. Колку е поголемо парчето, толку повеќе е потребно за да се добие онаа сочност кога тоа се топи и се двои од устата. Како да се постигне сето тоа и кои се тајните на печењето, ни открива Тања.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Прасечко месо (5 кг), сол, вода и пиво. ПОСТАПКА: Првиот чекор кој треба да се направи, а кој не е помалку важен во целата постапка, е месото убаво да се измие со ладна вода, а потоа да се пребрише од вишокот влажност (особено кожата).




Ова направете го со помош на хартиена, кујнска салветка. Истапкајте го целото месо со салветката за да ја соберете сета влага од него. Доколку парчето има печат на него, информирајте се за потеклото на бојата. На моето парче бојата е од грозје и јадлива е, а при печењето ќе се раствори.




Откако ќе го пребришете месото, со помош на остар нож направете неколку мали засеци во кожата. Овие засеци потребно е да бидат плитки, да допираат до месото но не и да го сечете месото (само кожата со масниот слој). При печењето на овие засеци ќе излегува маста.




После засекувањето потребно е добро да се посоли месото. не штедете на сол, бидејќи не можете да го пресолите свинското месо, тоа си „бара“ доста сол. Ставете сол врз кожата и пpoтријте со раката однадвор и во засеците, од горната страна и од долната страна.




Следниот чекор е да го приготвите плехот во кој ќе се пече месото: поставете решетка (обично овие решетки доаѓаат со самите плехови, а доколку немате, импровизирајте со стапчиња со ражничи, така што густо ќе ги поставите да „имитираат“ решетка).




Месото ставете го врз решетката со кожата свртено нагоре, ставете една чаша вода во плехот (водата да не го допиpa месото), па ставете да се пече во ладна рерна која тогаш ќе ја вклучите на 180 степени. Од тој момент започнете да го мерите времето. Правило е 1 кг месо да се пече еден час, меѓутоа ова зависи од самата рерна.




После точно еден час печење од вклучување на рерната, извадете го месото и во плехот налијте уште една чаша вода. Потоа вратете го назад на печење на 180 степени, уште еден час. После вториот час повторно извадете го месото, па превртете го наопаку, со кожата надолу. Ќе забележите дека има доволно течност во плехот, па нема потреба да долевате уште вода.




Вратете повторно во рерна и продолжете да се пече на 180 степени. Не ја зголемувајте температурата, бидејќи месото однадвор може да се запече, а одвнатре да остане недопечено и жилаво. После чај ипол, односно вкупно три ипол часа печење, месото повторно превртете го, со кожата нагоре.




Следна важна работа која треба да ја направите, е да го прелиете месото со пиво кое ќе му даде извонреден вкус, а ќе овозможи и крцкавост на кожата. Вратете го месото во рерна, на иста температура да се допече уште еден час. После четири ипол часа печење во рерна, пригответе солен раство со кој ќе ја премачкате кожата.

Во три супени лажици сол додајте 100 мл вода, промешајте, па извадете го месото од рерна и со помош на кујнска четка премачкјате го со растворот. Потоа вратете го месото во рерна и зголемете ја температурата на 220 степени да се пече уште 15 минути. Прасечкото се печеше вкупно 4 часа и 45 минути. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.