Најубавите торти се прават со јајца и млеко. Меѓутоа, во посните денови сме во потрага по рецепти кои содржат вкусни состојки а да не се од животинско потекло. Постојат повеќе верзии на посни торти без јајца млеко, но оваа е највкусната од сите нив. Барем, по мој вкус. Кога ја сечете секое парче излегува совршено, а сепак тортата е кремаста и сочна. Рецепт на Ивана.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл вода, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 4 супени лажици какао во прав, 320 г брашно, 3 лажици масло, 1/2 кесичка прашок за печиво (1 лажичка), 50 г мелени ореви, 50 г кокос. Се печат две вакви кори, па се сечат да се добијат четири. За прелив на печените кори: 200 мл вода, 4-5 лажици џем, 1 штангла посно чоколадо.

ЗА ФИЛ: 1 литар вода, 2 кесички пудинг со вкус на ванила, 4 лажици брашно, 150 г шеќер, 200 г маргарин посен, 50 г мелена посна плазма, 100 г исечкано посно чоколадо

ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА КОРИТЕ: Во еден подлабок сад ставете ја водата, а потоа една по една сите наведени состојки. Матете со жица додека сите состојки да се изедначат и да добиете фина смеса со полутечна конзистенција.

Ова се состојки за само една кора, а потребни се две вакви кори. Откако ќе се испечат и изладат корите, се сечат хоризонтално, за да се добијат 4 тенки големи кори.

Смесата рамномерно распоредете ја во плех 25х25 см или калап 28 см, претходно обложени со хартија и дополнително намастени и набрашнети. Корите се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час.

Прелив за корите: 200 мл вода, 4-5 лажици мармалад/џен од кајсии, шипки, јагоди, праски (по ваша желба), 1 штангла посно чоколадо. Сите состојки ставете ги на оган додека да се растопат, па со врелиот прелив рамномерно прелијте ги ладните кори. Ова се прави при филувањето/редењето на тортата.

Прелив за корите: 200 мл вода, 4-5 лажици мармалад/џен од кајсии, шипки, јагоди, праски (по ваша желба), 1 штангла посно чоколадо. Сите состојки ставете ги на оган додека да се растопат, па со врелиот прелив рамномерно прелијте ги ладните кори. Ова се прави при филувањето/редењето на тортата.

ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ФИЛОТ: Во тенџере ставете го шеќерот, пудингот, брашното и малку вода. Промешајте па додајте го остатокот од водата и сварете го кремот со постојано мешање. Прекријте го со проѕирна фолија и оставете целосно да се излади.

Потоа додајте маргарин исечкан на коцки и омекнат на собна температура, па добро измиксајте додека да се соедини со кремот. Во филот додајте ја мелената плазма и ренданото чоколадо, па промешајте со лажица додека да се изедначи филот.

За глазура (ако сакате да ја ставите): 150 г чоколадо, 3 лажици масло. Полека загревајте на умерен оган додека да се растопи и соедини. Дополнително може да додадете ореви за украсување и шеќер во прав за наросување.

Филување на тортата: кора, прелив, фил, кора, прелив, фил…до крај. Тортата ставете ја во фрижидер да се стегне, па потоа украсете ја. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.