Home Десерти Италијански крем колач што се подготвува за 15 минути – мек десерт...

Италијански крем колач што се подготвува за 15 минути – мек десерт со совршена текстура

италијански еклер колач

Брз десерт со совршен крем – готов за 15 минути подготовка

Ако барате брз, елегантен и сигурен десерт што секогаш успева, овој италијански крем-пандишпан е вистинскиот избор.

Со лесна подготовка и состојки што најчесто веќе ги имате дома, добивате колач со вкус што потсетува на врвни слаткарници.

Идеален е и за оние што споредуваат домашни рецепти со готови десерти и бараат најдобра вредност за вкус и квалитет, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

италијански еклер колачиталијански еклер колач

Потребни состојки

За пандишпан:

* 5 јајца
* 2 белки
* прстофат сол
* 210 г шеќер
* 180 г брашно
* 1 лажичка прашок за печиво
* 50 г скроб
* 80 мл масло

За крем:

* 2 жолчки
* 100 г шеќер
* 8 г ванилин шеќер
* 5 лажици скроб
* 600 мл млеко
* 180 г путер (омекнат)

За преливање:

* 4–6 лажици млеко

За глазура:

* 100 г чоколадо
* 50 мл млеко
* 1 лажица масло

Чоколаден еклер колач без печење – кремаст десерт што се подготвува за 15 минути – рецепт – ОВДЕ.

Постапка

Подготовка на пандишпан:

Во длабок сад ставете ги јајцата и белките, додајте прстофат сол и матете со миксер. Додавајте го шеќерот постепено додека матите, сè додека смесата да стане густа, светла и пенлива.

Потоа додајте ги просеаното брашно, прашокот за печиво и скробот на неколку наврати. Мешајте внимателно со шпатула додека да се изедначи смесата.

На крај сипете го маслото и нежно промешајте за да остане воздушеста структурата.

Смесата сипете ја во обложен плех (45х37 см) и печете во претходно загреана рерна на 170°C околу 25 минути. Оставете да се подизлади, па внимателно отстранете ја хартијата.

Подготовка на крем:

Во тенџере ставете ги жолчките, шеќерот, ванилиниот шеќер и скробот. Прво додајте малку млеко и добро измешајте за да нема грутчиња, па постепено сипете го остатокот.

Гответе на умерена температура со постојано мешање додека кремот да згусне.

Префрлете го во сад, покријте со кеса и оставете да се олади.

Во друг сад изматете го путерот додека да стане пенлив, па додавајте лажица по лажица од оладениот крем, матејќи додека да добиете мазен и богат фил.

Формирање на колачот:

Пандишпанот пресечете го на две половини, па секоја половина хоризонтално за да добиете 4 кори.

Поставете ја првата кора, сипете малку млеко за сочност и премачкајте со крем. Повторувајте ја постапката додека да ги наредите сите кори.

На крај премачкајте ја целата торта одозгора и од страните.

Глазура:

Растопете ги чоколадото, млекото и маслото на пареа или во микробранова печка. Полека прелијте ја тортата.

Може да се сервира веднаш или да се остави да се излади за поцврста структура.

Зошто ќе ви стане омилен рецепт?

Овој десерт е одличен избор за сите што бараат:

* брзи и економични рецепти
* домашни алтернативи на скапи слаткарски производи
* едноставни состојки со врвен резултат
* идеален десерт за гости или семејни собири
* Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

Чоколаден еклер колач без печење – кремаст десерт што се подготвува за 15 минути