Испуканите пети може да бидат симптом на овие 5 подмолни болести

Испуканите пети на стапалата се непријатен естетски проблем, особено во летниот период кога носиме отворени обувки и немаме чорапи кои го прикриваат овој недостаток.

Но, честопати се утврдило дека испуканите пети не се секогаш само козметички, туку и здравствен проблем. Тврдата и испукана кожа може да биде симптом на некои подмолни заболувања кои тешко се откриваат во нивниот почетен стадиум. Затоа навремено треба да се обрати внимание на состојбата на стапалата, затоа што раната дијагностика може да ве спаси од болести и компликации.

Доколку и покрај редовната нега, киснење на стапалата во солена вода и раствор од сода бикарбона, триење на тврдата кожа со камен и козметичко ренде, а сепак пукнатините на петите и тврдата кожа не поминуваат, тогаш можеби е време да посетите лекар.

Loading...

Сувата кожа за која ги обвинувате неудобните обувки, всушност може да биде симптом на некое подмолно заболување. Лекарите ги посочуваат овие пет болести.

1.Попуштени вени, ослабени ѕидови на крвните садови

Испуканите пети се еден од симптомите на латентно проширените крвни садови. Опуштените вени може да бидат длабоко под кожата и да не се видливи со голо око, иако најчесто страдаат вените на долните ектремитети и видливи се на листовите од потколеницата.

Кога тоа ќе се случи, поради затнување на крвните садови, циркулацијата значително се намалува и снабдувањето со крв во најодалечените делови не е доволна. Поради тоа доаѓа до сушење и пукање на кожата.

Третманот мора да почне поскоро за да се спречат компликации. Во зацврстувањето на крвните садови помага витаминот П кој го има во малините, капини и боровинки.

Не заборавајте да јадете зелка, домати, магдонос и копар, како и во хелдата. Освен тоа, исхраната треба да биде богата и со витамин Ц и Е.

2.Бубрежна слабост

Сигурно никогаш не би помислиле дека испуканите пети би можеле да имаат некаква врска со бубрезите, но да, возможно е. При бубрежна слабост доаѓа до зголемување на нивото на уреата во крвта. Поради тоа, кожата станува сува на целото тело, но најпрво страдаат петите.

При болести на бубрезите најважно е здраво да се храните, според потребите на здравствената состојба. Намалете го внесот на протеините во исхраната.

3.Декомпензиран дијабетес

Декомпензиран дијабетес е состојба во која пациентот има постојано високо ниво на гликоза во крвта и нема ефект од лекувањето. При оваа состојба, кожата на стапалата станува сува и испукана. Пукнатините обично се длабоки. Исто така, обратете внимание и на прстите.

Може да се појават плускавци со вода помеѓу нив, а притоа да не се виновни обувките за тоа. Исто така, може да се појават и пигментирани дамки. Во овој случај треба да ги направите сите потребни тестирања и анализи и да се консултирате со вашиот лекар.

4.Габична инфекција

Габичната инфекција може да предизвика сушење на кожата и нејзино пукање. Таа најпрво го напаѓа горниот слој од кожата, а потоа продира се подлабоко и подлабоко. Кожата околу пукнатините може да стане бела или жолтозеленикава. Важно е лекувањето да го започнете навремено и да не дозволите нејзино ширење.

5.Гастритис

Речиси незабележливите пукнатини на потпетиците може да укажуваат на гастритис. Оваа појава честопати се заменува со нормално сувата кожа. Но, тука е важно да се обрати внимание и на придружните симптоми: пукнатинки и ранички во аглите на усните, сува уста и ждригавица. Сепак, потребна е консултација со лекар за да се утврди точната причина и да се подложите на соодветна диета и лекување.

Loading...