Тулумби без шербет или превкусни колачи наречени Чироси – Чочаро, излегуваат многу

Фото и рецепт: Селма Цатиќ Коленовиќ

Децата многу ги сакаат, се приготвуваат исто како тулумбите, само што не се полеваат во шербет, туку со наросуваат со шеќер во прав, цимет…по вкус

Потребни состојки:

300 мл вода
125 г путер или маргарин
1 лажичка шеќер
½ лажичка сол
3-5 јајца
300 мл брашно
1 лажичка ванила
1 литар масло за пржење
шеќер и цимет за валкање

Постапка:

Loading...

На оган ставете вода, путер, сол и шеќер, па откако ќе зоврие додадете го брашното и ванила, па мешајте околу 3 минути додека да се формира тестото како топка и да се одвои од садот.

Тестото оставете го целосно да излади, а потоа во него додавајте едно по едно јајце. Месете рачно или со миксер со специјални маталки за тесто. Откако претходното јајце ќе се соедини во тестото и целосно ќе се впие, тогаш додадете го следното јајце и продолжете со мешање.

Откако ќе ги измесите сите јајца, тестото ставете го во шприц за тулумби. Еден литар масло ставете во тава на оган да се загрее но не премногу. Со дрвена лажица проверете дали е загреано: дршката од лажицата ставете ја во маслото, а ако започнат да се појавуваат меурчиња околу лажицата, тогаш доволно се загреало.

Со помош на шприцот истиснувајте долги тулумби и со ножици сечете ги. Внимавајте, не ги правете преголеми или премногу, затоа што многу нараснуваат.

Пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат, а потоа вадете ги на хартиена салветка за да се исцеди вишокот маснотија. Валкајте ги во шеќер помешан со цимет. Излегуваат доста, уживајте во нивниот вкус.

Фото и рецепт: Селма Цатиќ Коленовиќ

Loading...