Едноставна подготовка, но многу ефикасна

Сè си тече спород својот тек. Секој ден ги извршувате речиси истите активности и ненадејно, како некој да ви вбризгал врела игла во раката или чувствувате прободувачка болка во коленото.

Бидејќи повеќето сакаат брзо да се ослободат од овие болки, посегнуваат по најсилните лекови против болки што моментално ги имаат дома и чекаат тие да почнат да делуваат.

Штом болката ќе помине, се продолжува со животот како ништо да не се случило. Меѓутоа, многумина грешат мислејќи дека се „спасиле“ од таа болка и дека нема да се повтори.

Генадиј Петрович Малахов, експерт и познавач од областа на народната медицина, кој во повеќе од 60 книги презентирал како да се лекуваат 200 најраспространети болести, смета дека зглобовите и коските нè болат затоа што со текот на времето во нив се акумулираат калцификации на соли, кои треба да се исфрлат.

Тој дава рецепт за чистење на солите од телото, кој е многу едноставен. Сепак, овој третман би требало да се спроведе, по можност, после чистење на дебелото црево (со вода и сол или со вообичаена клизма). Секако, има ефект и без него.

Навечер во 300 мл зовриена вода сипете 5 г ловоров лист кој е најдобро да се иситни. Гответе пет минути, тргнете го од шпорет и оставете да отстои (може и во термос) преку цела ноќ.

Следниот ден процедете и пијте – малку по малку, во мали голтки во текот на денот. Не го пијте целото одеднаш, бидејќи може да предизвика компликации.

Три ноќи по ред повторувајте ја постапката и пијте го три дена. По пауза од седум дена, третманот може да се повтори. За хронични заболувања на зглобовите и коските, напитокот пијте го пет дена.

Во текот на овој третман можеби ќе забележите промена на бојата на урината која во некои случаи може да стане црвенкаста, поради растворените соли кои започнале да се исфрлаат од организмот. Исто така, мокрењето може да стане пофрекфентно.

Искуствата велат дека подобрување се забележува уште после три дена, а по две недели болките целосно се намалуваат, а подвижноста во зглобовите се зголемува. НАПОМЕНА: Пред примена на препарати од народната медицина, секој индивидуално треба да се советува со својот лекар.

За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ОВА МАСЛО МЕ ПРЕПОРОДИ: „Го намачкав на зглобовите и се разбудив без болки – навистина делува“ – ОВДЕ.

ОВА МАСЛО МЕ ПРЕПОРОДИ: „Го намачкав на зглобовите и се разбудив без болки – навистина делува“