Имено, доколку сакате да живеете поздраво, вашето тело да функционира подобро и да делувате превентивно против разни болести, тогаш урамнотежената исхрана мора да биде на врвот на вашите приоритети.

-Како што го избирате горивото што ќе го точите во вашиот автомобил, внимавајте што „истурате“ во вашето тело и нема да има никакви проблеми, вели Марко Стојановиќ, фитнес тренер кој им помогнал на многу луѓе првенствено да го подобрат своето здравје, а потоа и да ги намалат вишокот килограми и да го доведат телото во рамнотежа.

Марко забележал дека многу од неговите клиенти имаат проблеми со претежно иста храна, па затоа ги издвоил четирите најнездрави намирници кои имаат најминимално ниво на добри материи, а можат да нанесат голема штета на вашиот организам.

На прво место ги стави месните преработки. Овие производи имаат мала хранлива вредност и се полни со нездрави состојки, како холестерол, сол и масти. Таквите производи се богати и со конзерванси, кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и рак.

Марко вели: – Тие се на прво место затоа што таму се користат неупотребливите делови – ставаат секакви отпадоци и уши, јазици, мозоци и што уште не, не дај боже. Значи тоа се виршли, салами, паштети и други слични месни производи, вели тој и додава:

– Различни емулгатори, засилувачи на вкус, адитиви – отpови се додаваат за да трае што подолго, да се подобри вкусот и да се задржи свежината.

Маргарин. Поголемиот дел од маргарините што можеме да ги најдеме на нашиот пазар се полни со заситени и транс масти, кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Многу подобра опција е да го замените маргаринот со вистински путер, но во малку помала количина.

– Некаде прочитав дека процесот на производство на маргарин се разликува од процесот на правење пластично шише само по една состојка од пластично шише.

Хидрогенизацијата на растителни масла, соја, сончоглед и слично се прави за маргаринот да изгледа како што изгледа и да има таква структура. Овој процес значи инјектирање на водород под висок притисок.

Газирани пијалаци. Содржат огромна количина на калории, шеќер и вештачки состојки и немаат никаква хранлива вредност. Еден газиран пијалак содржи околу десет кесички шеќер (една кесичка содржи околу 7 грама шеќер).

Според истражувањата, најпопуларните диетални и „обични“ газирани пијалоци имаат ист ефект врз забната глеѓ како киселината од батериите, што доведува до зголемена чувствителност на забите и кариес и покрај добрата орална хигиена.

Газираните сокови во темна боја содржат хемикалија позната како 4-метилимидазол (4-MEI), нуспроизвод на хемиска обработка, која се користи за создавање на вештачка боја која им дава боја на овие пијалоци. Истражувањата го поврзуваат 4-MEI со ракот. Покрај тоа, бројни студии ги поврзуваат газираните пијалоци со дебелината.

Помфрит. Пржениот компир, попознат како помфрит, припаѓа на храна која со задоволство и често се јаде на сите континенти, додека во некои земји ова готово јадење има култен статус.

Помфритот е една од оние намирници на чија калориска вредност драстично влијае начинот на подготовка. Најздрав начин да го подготвите помфритот дома е да го испечете, без додадена маснотија. Најмалку калории има и печениот, несолен помфрит од рерна – 100 грама има 158 калории.

Помфритот подготвен од свеж компир, подготвен дома, содржи помалку калории од горенаведените. Вака подготвениот помфрит има калориска вредност поблиска до онаа на обичниот печен компир, што е само 93 калории.

Од друга страна, помфритот пржен на масло и сол, кој вообичаено се подготвува во рестораните, има дури 324 калории на 100 г намирница.

– Најлоша е онаа од најпопуларниот амеpиканcки ланец за брза храна. Дали некогаш сте се запрашале како е толку долгнавест, па тој се модифицира. За да изгледа така, да остане свеж и да се подобри вкусот се користат разни xемикалии.

За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Нутриционистката Ана Петровиќ предупреди: Овие луѓе треба да ги одбегнуваат ѓумбирот и грејпфрутот, а еве кој пијалак таа никогаш не го пие“ – ОВДЕ.

Нутриционистката Ана Петровиќ предупреди: Овие луѓе треба да ги одбегнуваат ѓумбирот и грејпфрутот, а еве кој пијалак таа никогаш не го пие