И покрај развојот на современата медицина процентот на предвреме родените бебиња е во благ пораст

loading...

Предвремено породување е секое породување каде што бременоста завршила со
раѓање на незрело новороденче пред да биде комплетирана 37-та недела од
бременоста.

Според гестациска возраст или староста на бебето, тие се поделени во три подгрупи и тоа:
–  умерено до касно прематурни или незрели новороденчиња од 33 до 36 –та гестациска недела,
– многу прематурни или незрели од 28 до 32 гестациска недела и
– екстремно прематурни бебиња родени под 28-та гестациска недела.

loading...

Според родилната маса, новороденчињата може да бидат со тежина под 2.5 кг и да се
водат како бебиња со мала родилна маса, потоа новородени со многу мала родилна
маса или помала од 1.5 килограми и последната група се новороденчиња со екстремно мала родилна маса под 1 килограм.

Прематурните бебиња колку што се понезрели и се со помала родилна маса, имаат
поголем ризик за неповолен исход. Тука подразбираме потешки компликации заради
незрелоста, како и пратечките болести во подоцнежнио период од развојот. За жал
можен е и неповолен исход и смрт кај дел од нив – вели д-р Ѓорѓи Филев, педијатар од Клиничката болница „Жан Митрев“.

Инциденцата на прематурно родените бебиња се движи околу 10 проценти, односно
едно на 10 живородени новороденчиња. Овој процент и покрај развојот на
современата медицина во последите години е во благ пораст.

– Причините за предвременото породување се  проблеми поврзани со матката,
грлото на матката, постелката и околуплодовата вода, генито-уринарните
инфеции кај мајката, хронични болести кај мајката, како што се хипотиреоза,
cистемски лупус, хронични белодробни, срцеви и бубрежни заболувања, заболување кој се појавувата  во тек на бременоста како што се гестациски дијабетес, хипертензија и гестози.

Тука се и забременување во премногу млада возраст под 18 години, како и во понапредна возраст над 35тата година, потоа краток интервал помеѓу две бремености, претходно предвремено породување, повеќе плодна бременост и вештачки потпомогнатото оплодување.

Причина за предвремено породување се и генетските аномалии кај плодот и интраутерин застој во развојот. Сепак она што е факт е дека голем пороцент од предвремените породувања се од непозната-идиопатска причина. Поради тоа главната препорака е редовна антенатална грижа во тек на бременоста – вели Др. Филев.

Предвремено родените деца имаат потреба од специјална, интензивна нега и
терапија. Поради тоа родилките кои имаат ризик фактори за предвремено породување се испраќаат во установи каде има одделение за интензивна нега и третман  за предвремени и високо-ризични новороденчиња.

Најчести здравствени проблеми кој ги имаат прематурни новороденчиња се
респираторен дистрес синдром, односно потешкотии со дишењето поради незрелоста
на белите дробови, апнеа заради незрелост на центарот за дишење, кранијално
крварење, некротизирачки ентероколитис, жолтица-поради незрелост на функцијата
на црниот дроб и инфекции, потоа сепса, пневмонија и менингитис.

Тука е и ретинопатија што може да доведе до слепило, како и голем број на други здравствени проблеми кој се поврзани со незрелоста на сите органи кај прематурното
новороденче.

Предвремено родените бебиња се соочени со бројни проблеми поврзани со нивната
незрелост и малата родилна маса. Третманот на прематурните новороденчиња опфаќа
превентивен третман во текот на бременоста и третман по породувањето.

Во делот на пренаталниот третман важно е давање на кортикостероидна терапија за
зреење на белите дробови кај претечко породување, давање на антибиотици при
прскање на окулуплодовите обвивки за намалување на ризикот од инфекции кај
новороденчето, давање на магнезиум сулфат за превентција од доцни невролошки
нарушувања во детската возраст.

Третманот  на прематурните се одвива во одделенијата за интензивна нега и терапија. Важно е новороденото да се постави во соодветни термонеутрални услови-инкубатор, да се даде кислородна подршка која може да вклучува и употреба на респираторна машина, да се постави на соодветна исхрана т.н тотална парентерална нутриција.

Секако најдобра храна за секое новородече е мајчино млеко, но поради незрелоста
тоа мора да е суплементирано со витамини и минерали. Постојат и посебни млечни
формули специјално подготвени за прематурните новороденчиња.

Од особено значење за новороденчето е воспоставуање на емотивниот контакто со
мајката, затоа е препорачано кенгурирањето кое подразбира контакт на бебето со
мајката по принципот кожа на кожа.

Предвремено родените новороденчиња се соочуваат и со бројни проблеми поврзани
за нивната незрелост и малата родилна маса, кои што се причина понатаму за отежнат психо-моторен развој и појава на тешкотии во учењето, намалена концентрација па се до можни моторни нарушувања како церебрална парализа.

Овие деца страдаат и од почести или хронични респираторни заболувања а можни се и проблеми со видот, слухот, говорот.

Прематуритето и компликациите поврзани со незрелоста на новороденчето се
главната причина за болестите  и смртноста на доенчињата до  пет годишна возраст.
Затоа е препорачано секоја нова бременост да биде претходно планирана. Здравиот
животен стил и квалитетната здравствена грижа се предуслов за здрава и уредна
бременост.

Затоа редовната физичка активност, здрава исхрана, апстиненцијата од
пушење на цигари, завосости од алкохол и наркотични дроги, како и заштита од
сексуално пренослуви болести се важен фактор за секоја бремена жена.

Редовните гинеколошко–акушерски прегледи за контрол на генито-уринарните инфекции, ултразвучните мерења за следење големината и возраста на плодот се предуслов за рано откривање и соодветен третман на секоја несакано заболување.

loading...